Александар (Ацо) Аџи Илов ( во — во ) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
Димко, најстариот син од петте деца на Илија и Роса од Неготино, го изучил столарскиот занает и со тоа домашната положба на сиромашното земјоделско семејство малку се подобрила.
Другиот син, (третото дете) Александар, го подучиле на истиот занает од брат му Димко. Ацо завршувајќи го основното училиште со одличен успех, изразил желба да го продолжи учењето и во тоа добил поддржка од домашните. На еден конкурс тој бил примен во средното земјоделско училиште во Сремска Каменица. Таму учи само една година, но останува без средства за живеење, па го прекратува учењето и се враќа во Неготино, работејќи на дуќанот кај брата си.
За време на нападот на Германците врз Кралството Југославија, се наоѓал на отслижување на воениот рок во кралската гарда во Белград. Во борбата за одбрана на Белград тој бил заробен од Германците и по два месеци заробеништво преку Романија се вратил во Неготино.
Здобиен со воено знаење и опит и со политичка зрелост, бил свесен дека со доаѓањето на бугарските фашисти, Македонија одново е поробена. Читајќи постојано книги и весници во читалната, движејќи се секогаш со весник во рака, бил добро информиран за настаните по фронтовите, а за тоа ги информирал и своите другари. Бил познат по раскажувањето на сатирични приказни и настани што редовно ги читал во рубрика на весникот Политика под наслов Елисие сее и жито жнее. Така и го добил називот Елисие.
Движејќи се постојано со својот другар и комшија Илија Јанакиев, тој стапил во контакт со Лазар Мојсов. Во април 1943 година активно учествувал во подготовките за организирање партизански одред во Тиквешко, пренесувајќи и друга воена опрема за одредот. Во прошетката со Манчо Малиминов, дненадеж паднал поради болки во стомакот, Ацо го придружувал и го земал писмениот документ што требало Манчо да му го предаде на секретарот на МК во Неготино.
Смртта на Александар Аџи Илов Кон крајот на мај 1943 година, заедно со неколку свои другари, се придружил на партизанскиот одред Добри Даскалов. Со пушка во рака тој е решен да се бори и да го даде својот придонес во борбата против окупаторите. По патот за Фариш, Ацо со уште десетина во темница се движат како претставници на одредот. Одненадеж биле нападнати. Увидувајќи дека навлегле во непријателска заседа, борците отвориле оган и тргнале на јуриш за да се пробијат. Во тој пробив Ацо се загубил од другите и на осамнувањето, веќе бил изморен и гладен слегол во селото Фариш. Бугарите го фатиле најпрвин како сомнителен и почнале да го испитуваат. Откако ништо не сакал да им каже бил однесен во Кавадарци и дури таму разбрале дека тој е всушност партизан. Откако бил измачуван, бил однесен во Дреновска Клисура и во реонот на Фариш бил стрелан заедно со уште неколкумина негови другари од Одредот и со некои родители на партизани.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски партизани Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна