За Киро Крстев, народниот херој од Кавадарци, видете Киро Атанасовски

Киро Крстески - Платник (20 јули 1909 – 20 јуни 1965) — македонски комунист, учесник во НОВ.

Бил припадник на работничкото и комунистичкото движење. Во 1940 година бил затворен во Македонски Брод, каде што бил тепан и измачуван од српската полиција.„Киро Крстески - Платник“, oldprilep

По окупацијата станал нелегален, во септември 1941 година се приклучил на партизанското движење. Бил командир на Прилепската партизанска чета.„Јоска Јорданоски - Сандански“, oldprilep Потоа станал борец на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ и учествувал во нападот на Прилеп. Го подготвил формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“ во 1942 година и бил командант на Обласниот оперативен штаб. Во 1943 година бил политички комесар на Втората оперативна зона на Македонија и учествувал во борбите кај Дебрца. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Крајот на војната го дочекал со чин мајор и началник на економското одделение при Главниот штаб на Македонија.

По војната заземал високи функции. Дошол во судир со некои партиски и државни раководители и предвреме бил пензиониран.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 764 стр.

Во негова чест, домот за стари и изнемоштени лица во Прилеп го носи неговото име.

Наводи

Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Починати во Скопје Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ