Водена пареа (H2O)200п Создавање на водена пареа при вриење Систематски назив водена пареа Течна состојба вода Црвста состојба мраз СвојстваLide, David. CRC Handbook of Chemistry and Physics, 73rd ed. 1992, CRC Press. Молек. формула H2O Моларна маса 18,01528(33) g/mol Точка на топење 0,00 °C (273,15 K)Баждарено според средно океанско ниво според Виенскиот срандард (VSMOW) — се топи на 273,1500089(10) K (0,000089(10) °C, а врие на 373,1339 K (99,9839 °C) Точка на вриење 99,98 °C (373,13 K) Специф. гасна конст. 461.5 J/(kg·K) Топлина на испарување 2,27 MJ/kg Топлински капацитет при 300 K 1,864 kJ/(kg·K) мини|десно|Издигајќи се, водената пареа се лади и се кондензира во капкички Водена пареа — гасна состојба на водата. Претставува една од агрегатните состојби на водата во хидросферата. Водената пареа се создава со испарување или со вриење на течна вода, или пак по пат на сублимација на мразот. За разлика од другите облици на водата, водената пареа е невидлива. Под типични атмосферски услови, испарувањето постојано создава водена пареа и истата постојано се губи со кондензација. Бидејќи е полесна од воздухот, водената пареа предизвикува струење на воздушните струења, што доведува до настанок на облаци.

За големата застапеност на водената пареа како состојка сведочи фактот што таа е присутна дури и во атмосферата Сонцето и секоја планета во Сончевиот Систем, но и во многу астрономски објекти како природни сателити, комети, па дури и големи астероиди. Ова веројатно важи и за другите сончеви системи. Нејзината важност во астрофизиката е голема, бидејќи нејзиното присуство може да укажува на присуството на течна вода, а со тоа и на вонземски живот.

Како состојка на Земјината хидросфера и кругот на водата, водената пареа е особено застапена во Земјината атмосфера и претставува моќен стакленички гас заедно со други гасови како јаглерод диоксидот и метанит.

Пареата е значајна за луѓето поради нејзината употреба за приготвување на храната, во енергетиката и превозните средства уште од измислувањето на парната машина за време на Индустриската револуција.

Поврзано Пареа Испарување Влажност Кондензација Парен притисок Магла Облак Топлина на испарување Сублимација Парна машина

Наводи

Надворешни врски

Водена пареа — Национална научна дигитална библиотека на САД Митови за водената пареа

Категорија:Стакленички гасови Категорија:Атмосферска термодинамика Пареа Пареа