Приказот на жените воини во литературата и популарната култура е предмет на проучување во историјата, книжевните студии, филмските студии, фолклорот и митологијата, родовите студии, и културните студии.

Фолклор и митологија Во Хинду митологијата, Читрангада, сопруга на Арџуна, била командант на војските на нејзиниот татко.

Амазонките биле племе на жени-воини во грчката легенда. "Амазонка" стана епоним за женски воини и спортисти.

Во британската митологија, кралицата Корделија се борела против неколку претенденти за нејзиниот престол така што лично ја водела армијата во нејзините битки.

Во За храброста на жените грчко-римскиот историчар Плутарх опишува како жените од Аргос се бореле против кралот Клеомен и Спартанците под команда на Телесила во петтиот век п.н.е..http://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Roman/Texts/Plutarch/Moralia/Bravery_of_Women*/A.htmlhttp://books.google.com/books?id=uYGay_yqBLUC&pg=PA33&dq=telesilla&hl=en&sa=X&ei=_X5EUpjOI4qE4ASX3oDQDw&ved=0CCwQ6AEwAA#v=onepage&q=telesilla&f=false

Литература Жените воини имаат долга историја во фикцијата, каде што тие често имаат поголема улога отколку нивните историски инспирации, како што се "Гордафарид" (персиски: گردآفريد) во античката персиска поема Шахнаме.

Разни други жена воини се појавиле во класичната литература: Белфиби и Бритомартида во Кралицата на самовилите, Брадаманта и Марфиса во Орландо Фуриосо, и Камила во Енеида. Исто така, се води дебата помеѓу научниците за тоа дали мајката на Грендел од песната Беоулф била чудовиште или жена воин.

Слично Амазонки Girls with guns Она-бугејша

Надворешни врски

Women Warriors from 3500BC to the 20th Century - Lothene Experimental Archaeology

Наводи

Категорија:Жени во војна Категорија:Културологија Категорија:Фолклор Категорија:Легенди Категорија:Божици на војна Категорија:Феминизам