Знаме на Шлезвиг-Холштајн — хоризонтално трибојно знаме, составено од сина, бела и црвена боја.

Преглед

Знамето било воведено во 1843 година и забрането во 1845 година. Било повторно воведено во 1867 година по пруската анексија на Шлезвиг-Холштајн. Било повторно укинато во 1935 година.

Откако Британската воена влада донела одлука Шлезвиг-Холштајн да стане германска покраина во 1946 година, ова знаме било првпат спомнато на 29 август 1946 година. Било службено донесено како знаме на 18 јануари 1957 година. Едноставното трибојно знаме е покраинското граѓанско знаме. Владините власти го користат државното знаме (Landesdienstflagge), каде на знамето е додаден грбот.

Трибојното знаме претходно било користено за пруската покраина Шлезвиг-Холштајн (1868-1946).

Тоа е скоро идентично со знамињата на Кралството Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, како и знамето на Холандија свртено обратно.

Наводи

Надворешни врски Знаме — Влада на Шлезвиг-Холштајн

Шлезвиг-Холштајн Знаме