Градокорнач (или железен пајак) Archived end of October, 2009. — справа за мачење најчесто користена на жени што извршиле прељуба, или предизвикале абортус. Справата била осмислена да ги искорне градите на жена и била изработена од железо, и најчесто се загревала. Справата најчесто била употребувана во 1599 г. во Баварија, држава во денешна Германија, и во делови од Франција и Германија сè до почетокот на век.

Историја

Градокорначот за првпат се користел во Баварија, Германија, во 1599 г. сè до почетокот на век, справата се користела во Германија и Франција, пред децата на престапничката. Се користел на жени за најразлични причини како што се предизвикување абортус, прељуба, кривоверство, богохулство, оние што биле обвинети за вештерки, и за други видови злосторство. Исто така се користел за испрашување.

Опис

Градокорначот често бил загреван за време на мачењето и се состоел од четири канџи „канџи“, кои се користеле за постепено искорнување на градите на жени кои извршиле најразлични криминални дела. Справата се поставувала на едната града на жената. Крвта понекогаш била намерно прскана на децата на жртвата. Биле осмислени да ја раскинат или скинат градата на жртвата. Доколку жената не починела истата останувала осакатена за цел живот.

Пајак

Пајак, исто така познат и под името железен пајак, била справа за мачење слична на градокорначот. Железниот пајак се прикачувал на ѕидот, и градите на жените се сместувале во канџите на справата. Жената се влечела од ѕидот при што градите останувале во канџите на справата. Поинаков вид на градокорнач содржел шилести шипки прицврстени на кусо растојание од ѕидот. Жртвата ќе биде влечена по шипките сè додека не и биле искорнати градите на жртвата.

Поврзано Бронзен бик Круша (справа за мачење) Еретичка виљушка Железна девица

Наводи

Категорија:Справи за мачење Категорија:Дојка