Чифте амам — поранешен амам во Скопје, којшто се наоѓа во средишниот дел на Старата скопска чаршија, поточно на потегот меѓу Мурат-пашината џамија и Сули ан. Заедно со овие два објекта ја сочинува единствената постојна „исламска тројка“ на просторот на чаршијата и во Скопје воопшто. Чифте амам денес се употребува како уметничка галерија и во него е сместен дел од поставката на Националната галерија на Македонија.Национална галерија на Македонија, официјално мрежно место.
Имиња Амамот името го добил од турскиот збор „чифт“ (турски: çift; со значење „парен, двоен“), поради тоа што неговата градба спаѓа во групата на двојни амами. Во чест на наредбодавачот за негова изградба, Иса-бег, познат е и под името „Иса-бегов амам“, додека познатиот патописец Евлија Челебија во своите записи го нарекува „нов амам“.
Историја мини|десно|250п|Една од бањските простори Амамот е изграден во втората половина на 15. век, како завештание на Иса-бег. За првпат се споменува во вакуфнамата на Иса-беговата џамија во 1531 година. Тешко бил погоден со земјотресот од 1963 година, но подоцна е обновен и денес претставува уметничка галерија.Чифте амам, Проект „Стара скопска чаршија“. Во него е сместен и дел од поставката на Националната галерија на Македонија, чиешто седиште се наоѓа во Даут-пашиниот амам.
Архитектура Објектот е редок пример на Балканот со голема архитектонска вредност, којашто денес не може да дојде до израз, бидејќи амамот, речиси, целосно е опколен со дуќани. Тој претставува монолитна градба, а при неговата изградба, особено, се водело сметка за функционалното единство и надворешното обликување. Граден е од камен, тули и малтер. Содржи две поголеми куполи и повеќе помали. Се состои од два дела, машки и женски, па оттаму и го добил името „чифте“, односно двоен амам. За разлика од другите двојни амами, машкиот и женскиот дел во Чифте амамот се спојуваат во делот за капење.Чифте амам , Old Skopje.
Поврзано Мурат-пашина џамија; Сули ан; Национална галерија на Македонија; Стара скопска чаршија.
Наводи
Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Стара скопска чаршија Категорија:Исламска уметност во Македонија Категорија:Отомански амами во Македонија Категорија:Поранешни бањи во Македонија Категорија:Ликовни музеи и галерии во Скопје