Битката кај Ровине се одвила на 17 мај 1395 година меѓу Османлиското Царство и нејзините вазали против Влашка на чело со војводата Мирче Стариот. Битката се водела кај местото Ровине во Влашко.

Според една легенда, во пресрет на битката влашкиот владетел облечен како мировен емисар разговарал со Бајазид I барајќи од него да ја напушти земјата на кое османлискиот султан одбил. Во текот на битката главна улога во победата на влашките сили имале стрелците кои има нанеле големи жртви при привите османлиски напади.

Во оваа битка на страната на Бајазид учествувале и неговите христијански вазали Стефан Лазаревиќ и македонските владетели Кралот Марко и Константин Драгаш. Во Битката загинале и двајцата владетели од Македонија. Се претпоставува дека во битката и двете страни имале голем број на загуби за да на крајот се повлечат од бојното поле. По оваа битка Влашка станала вазална земја, а Македонија потпаднала целосно под турска власт.

Наводи

Категорија:Европа во 1395 година Категорија:Судири во 1395 година Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки на Влашка Категорија:Отоманското Царство во 14 век Категорија:Битки на Бајазит I