Поп Богомил — македонски свештеник од X век, основоположник на дуалистичкото духовно движење и учење наречено според неговото име, богомилство, а приврзаниците се нарекувале „богомили“.

Бидејќи се сметала за кривоверство оваа духовно-филозофска идеологија и општествено движење биле поразени, при што сите извори за него и неговите книжевни дела биле уништени. За неговиот живот и дејност посредно се дознава од зачуваните антибогомилски книжевни споменици: „Беседата против богомилите“ на Козма Презвитер, „Бориловиот синодик“, „Индексите“ на забранетите антиканонски книги и др. Како негови следбеници и протагонисти на богомилството се евидентираат: поп Еремија, Тодор, Добри, Стефан, Василиј, Петар, Сидор Фрајазин и др.

Неговото име се поврзува со населбата Богомила (Велешко). Според една легенда тој бил роден во Богомила, таму живеел, дејствувал и умрел, а гробот му се наоѓал до самото село. Таму бил изграден мал параклис, кој им служел на богомилите како молитвен дом.

Поврзано „Селското движење на богомилите во Средниот век“ од Коста Солев Рацин

Наводи

Категорија:Македонски свештеници Категорија:Верски водачи Категорија:Богомилство Категорија:Луѓе од 10 век