Ждрепка () — неотровна змија од семејството на смоковите (Colubridae).
Опис Возрасните единки се жолтеникаво кафеави со четири темни пруги, на кои се однесува научното име на видот.Bruno,S. and S. Maugeri. 1977. Rettili d'Italia, Tartarughe, Sauri e Serpenti. Giunti - Martello. Firenze. Од окото до аголот на устата накосо се протега долгнавест темен белег. Младите на грбот имаат низа темнокафеави дамки со наизменични темнокафеави точки од страните, сите на светла заднина.Schröder, Heinz. 1973. Lurche und Kriechtiere in Farben. Otto Maier Verlag. Ravensburg. Возрасните змии достигнуваат должина од 2,6 м, а понекогаш и повеќе. Лушпите на грбот се малку (но сепак забележливо) засртени. Највеќето имаат и предочни лушпи.Arnold, E.N., and J.A. Burton. 1978. A Field Guide to the Reptiles and Amphibians of Britain and Europe. William Collins Sons & Co. Ltd., Glasgow. 272 pp. (Elaphe quatuorlineata, pp. 198-199 + Plate 36 + Map 111.)
Распространетост Оваа змија се среќава во Македонија, јужна Европа, и тоа претежно во Италија и на Балканот, од Словенија до Грција.
Понто-средоземен вид на змија, кој се среќава најчесто по рабови на шуми и живи огради, отворени шуми и каменести обраснати падини. Претпочита топли и сенчести места, најчесто влажни станишта и може да се сретне во мочуришни подрачја и близу до локви и потоци. Често лови во топли и облачни услови во самрак, а добро се искачува на дрвја и плива. Ждрепката е релативно флегматична и слабо подвижна змија. Таа е најголема и најробустна змија од сите крупни европски змии, достигнувајќи должина до околу 260 cm. Во рамките на Национален парк Галичица, таа е присутна на надморски височини од бреговите на езерата до 1.650 m во отворени шумски подрачја, чистинки и суви тревести терени. Авторот на овој извештај го регистрира присуството на оваа змија на локалитетот Преслап (1.600 m), карпестиот рид над село Лескоец, во ливадите кај локвата Глајшо и во близина на планинската куќа.НП Галичица
Заштита Од Европските документи видот е заштитен согласно: Директива за живеалишта 92/43/EEC Анекс II: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и чија заштита бара определување на посебни подрачја за заштита; Анекс IV: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и се под строга заштита, Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта (BERN) – Апендикс II строго заштитени фаунистички видови, како и според Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора (CITES).
Наводи
Литература Lacépède, B.G. 1789. Histoire Naturelle des Quadrupèdes Ovipares et des Serpens. Vol февруари Impremerie du Roi, Hôtel de Thou. Paris. 671 pp. (Coluber quatuorlineatus, pp. 82, 163, Plate VII., Figure 1.)
Поврзано Вистински смокови Список на змии во Македонија
Надворешни врски
Категорија:Смокови Категорија:Змии во Македонија Категорија:Фауна на Галичица Категорија:Змии во Европа