Планински смок () — неотровна змија од семејството на смоковите (Colubridae) која живее во Македонија, во северна и средна Европа и на исток до северен Иран. Постојат три подвида.

Опис Двата пола во просек се долги 60 до 75 см. Во Шведска се забележани се две единки по 83 см, а во Русија е измерена единка долга 92 см.Street D. 1979. The Reptiles of Northern and Central Europe. London: B.T. Batsford Ltd. 268 pp. ISBN 0-7134-1374-3.

На главата има една муцкена лушпа која е барем толку длабока колку што е широка, образувајќи триаголна вдлабнатина помеѓу меѓуносните лушпи (ретко ги двои). На темето има девет големи лушпи. Носната лушпа често е поделена. Има само една (ретко две) предочна и две задочни лушпи. Слепоочните лушпи се во распоред 2+2 или 2+3 (ретко 1+2). Има седум (ретко осум) горноуснените лушпи, од кои третата или четвртата и петтата се граничат со окото.

Средишниот дел од телото има 19 (ретко 17 или 21) реда грбни лушпи. За разлика од многу други змии што живеат на истото подрачје, лушпите им се мазни (не се засртени). Мажјаците имаат 150-164 стомачни лушпи, а женките имаат по 162–200. Чмарната лушпа е поделена (ретко цела), а подопашните лушпи се во парови. Мажјаците имаат по 54–70 подопашни лушпи, а женките по 40–76.

Шарата на долниот дел од телото е кафеава, сива или црвенкасто кафеаваSteward JW. 1971. The Snakes of Europe. Cranbury, New Jersey: Associated University Press (Fairleigh Dickinson University Press). 238 pp. LCCCN 77-163307. ISBN 0-8386-1023-4. со два реда мали слабо забележливи точки долж грбот кон опашката. Во некои случаи, секој пар точки се спојува кај вратот neck area, образувајќи низа накрсни белези на грбот. Има и низа мошне слабо видливи точки долж страните на телото. Овие четири низи од точки се протегаат врз четири напоредни сенчести пруги кои исто така се протегаат по грбот и страните на телото.

Врз главата има темен белег кој често има облик на круна, што се одразува во научното име родот — Coronella („круничка“). Од секоја ноздра се протега релативно широка темна пруга, оди над окото и долж страните на главата и завршува зад вратот. Горноусните лушпи се белузлави, сивкасто бели или светлокафеави, напати со темни точки. Јазикот е црвенкасто кафеав или темноцрвен.

Биологија Планинскиот смок се храни со помали животни, особено со други влекачи. Поголемиот плен го совладува со стегање (давење), но за разлика од вистинските удави, пленот не го убива на овој начин. Јајцата ги положува на топло место, закопувајќи ги во песок.

Во Британија живее само во вресишта.

Распространетост Покрај Македонија, планинскиот смок се среќава во Англија, Франција, од Ниските Земји до северна Шпанија и Португалија, Германија, Норвешка и Шведска (на север сè до 63° СГШ), во Латвија, Литванија, Естонија, Швајцарија, Австрија, Италија со Сицилија (но без Корзика и Сардинија), западниот Балкан и Грција и европска Русија до 57° СГШ. Во Азија, планинскиот смок живее од Турција до Азербејџан, Грузија, Ерменија и северен Иран.

Во Финска, оваа змија се среќава само по островите на Оланд, а и таму е поретка.

Подвидови ПодвидОпишалРаспространетостC. a. austriacaLaurenti, 1768C. a. acutirostrisMalkmus, 1995C. a. fitzingeriBonaparte, 1840јужна Италија и Сицилија

Поврзано Вистински смокови Список на змии во Македонија

Наводи

Галерија

Надворешни врски

Планински смок (Coronella austriaca) — Водоземци и влекачи на Европа Планински смок (Coronella austriaca) — База на влекачи

Категорија:Смокови Категорија:Змии во Македонија Категорија:Незагрозени видови според МСЗП