мини Балкански фестивал на народни песни и игри е меѓународен фолклорен фестивал, кој секое лето се одржува во Охрид.

Седиштето на фестивалот е во НУ Центар за култура “Григор Прличев” - Охрид. Традиционално, настапите на фолклорните групи се одржуваат на летната сцена “Долни Сарај”.

53. Балкански фестивал 53-тото издание на балканскиот фестивал се одржало од 6 до 11 јули 2014 година, во Охрид. Покровител на фестивалот било Собранието на Република Македонија, додека Министерството за култура обезбедило финансиска поддршка. Програмски координатор на фестивалот бил Славко Упевче.НУ Центар за култура “Григор Прличев” - Охрид, 53. Балкански фестивал на народни песни и игри - 53rd Balkan Festival of Folk Songs and Dances, Охрид, 2014.

Официјална програма Во официјалната програма на фестивалот настапиле следниве фолклорни друштва: НУ Центар за култура “Григор Прличев” - Охрид, 53. Балкански фестивал на народни песни и игри - 53rd Balkan Festival of Folk Songs and Dances, Охрид, 2014.

6 јули 2014: Ансамбл за народни игри и песни на Македонија “Танец” Неврокопски ансамбл, “Гоце Делчев”, Бугарија

7 јули 2014: Ансамбл “Петар Зрински”, Врбовец, Хрватска МКУД “Александар Македонски III” и МКУД “Илинден”, Мелбурн, Австралија Ансамбл “Хора Ашкелон”, Тел Авив, Израел

8 јули 2014: Ансамбл “Зета”, Подгорица, Црна Гора Ансамбл “Истебна”, Истебна, Полска КУД “Дримкол”, Вевчани, Македонија

9 јули 2014: Ансамбл од Мелбурн, Австралија Ансамбл “Видово”, Ново Место, Словенија КУД “Ѓердан”, Охрид, Македонија

10 јули 2014: Ансамбл “Емпелокики”, Солун, Грција Ансамбл “Типопластика”, Горни Милановац, Србија

11 јули 2014: Ансамбл “Туфаг”, Јалова, Турција КУД “Илинден”, Велгошти, Македонија Ансамбл “Отексфолк”, Охрид, Македонија

Придружни настани Во рамките на фестивалот, на 3 јули 2014 година, била одржана изложба на фотографии на “Фото клуб 202” од Заечар, Србија, под наслов: “Кина-луѓе-улица”.НУ Центар за култура “Григор Прличев” - Охрид, 53. Балкански фестивал на народни песни и игри - 53rd Balkan Festival of Folk Songs and Dances, Охрид, 2014.

Наводи

Категорија:Музички фестивали во Македонија Категорија:Фолклорни фестивали во Македонија Категорија:Култура на Охрид Категорија:Појавено во 1962 година во Македонија