Битката кај Цецора е битка меѓу војските на Полско-литванската Државна Заедница и Отоманското Царство која се одвила во периодот од 17 септември до 7 октомври 1620 година кај реката Прут, Молдавија.

Заднина

Поради неуспехот на полската дипломатска мисија во Истанбул и незадоволство и на двете страни од Бушаскиот мир (во границите на Полска продолжиле да навлегуваат Козаци и Татари), односите меѓу двете империи се заладиле во почетокот на 1620 година и двете страни започнале да се подготвуваат за војна. Турците војната ја планирале за 1621 година, додека унијата решила своите сили да ги испрати на туѓа територија, а како таква ја избрала Молдавија во 1620 година.

Полската армија била составена од магнатските семејства и броела околу 10.000 војници. Во септември полската армија навлегла во Молдавија, а молдавскиот владетел Гаспар Грацијани како вазал на Османлиското Царство, решил да се приклучи на страната на полската армија. Тој убил голем број на јаничари и ги заробил гласниците на османлискиот султан Осман II. Но голем дел од молдавските аристократи се разделиле на повеќе групи со цел секој да си го брани својот имот од недисциплинираните магнарски војници, а други пак решиле да го почекаат крајот од војната и да се приклучат кон земјата победничка. Така само околу 1000 молдавски востаници се приклучиле кон силите на Полска кои биле околу тврдината Цецора.

Битка

На 10 септември кај Цецора во денешна Романија, силите на Полско-литванската Државна Заедница ја пресретнале татарско-османлиската армија со влашко засилување која броела околу 20.000 војници на чело со Искендер Паша. За време на првиот ден од битката многу молдавски востаници преминале на другата страна и брзо ги нападнале на Полјаците. На 19 септември станало јасно дека полските сили ќе доживеат пораз, на веќе на 29 септември тие доживеале уште еден пораз по кое започнало повлекување на силите. Повлекувањто го искористиле Османлиите кои започнале со напад. Голем дел од полските војници биле убиени или заробени. Главните полски водачи, како Хетман Жолкевски бил убиен заедно со молдавскиот кнез Гаспар Грацијани а Конецполски и Богдан Хмелницки биле зарбени. Главата на Жолкевски била однесена во султановиот двор. Војводата Корецки бил погубен во Истанбул. Како нов владетел на Молдавија бил назначен Александар Илијаш.

Наводи

Категорија:Војни на Молдавија Категорија:Војни на Полска Категорија:Војни на Отоманското Царство Категорија:Војни на Големото Литванско војводство Категорија:Војни на Влашка Категорија:Историја на Полска (1569–1795) Категорија:Историја на Литванија (1569–1795) Категорија:Судири во 1620 година Категорија:Отоманското Царство во 17 век Категорија:Кримско ханство Категорија:Отоманско-полска војна (1620–1621)