Ѓорѓи Мучитани-Касапчето — македонски револуционер од влашка народност, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, С. 2001

Животопис

Тој е роден 1882 во Крушево. По народност е Влав. Завршил IV клас во романското училиште во Софија. Во екот на Илинденското востание бил во четата на Ѓорче Петров. По востанието учествува во македонското ослободително движење како војвода на чета во Воденско, Негушко и Ениџевардарско. Во 1910 година се приклонува кон Апостол Петков, станува нелегален и станува член на БНМОРО. Загинал на 2 август 1911 кај Крушари, Ениџевардарско, денес Абелие, Грција, заедно со Апостол Петков и Васил Пуфката Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.. Револуционерната дејноста на Касапчето е екранизирана во бугарската серија од 1988 година, Мера според мера.

Извори

Галерија

М М Категорија:Родени во 1882 година Категорија:Починати во 1911 година Категорија:Луѓе од Крушево Категорија:Македонски војводи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Починати во Крушари (Ениџевардарско) Категорија:Влашки револуционери