Митко Мустачки - Сокол (? - , ) — македонски музичар, познат гитарист на повеќе рок состави, меѓу кои и на „Долар“ и „Карамела“.

Животопис Мустачки се разболел од оштетување на црниот дроб и се повлекол од музиката. Неговите колеги од музичката сцена организирале хуманитарен концерт за финансиска поддршка на лекувањетоАпел за помош на музичарот Митко Мустачки-Сокол, но болеста била посилна и на 14 август 2014 година, Мустачки починал во Скопје.Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 12-13.

Музичка кариера Мустачки е основач на „Карамела“, една од позначајните групи во периодот на 1980-тите години, во која членувале и Стојанчо Андонов - Тонка, Слободан Капевски - Дане и Љупчо Димитиевски - Семо. Исто така, тој бил и дел од групата „Долар“. Освен со одличното свирење на електрична гитара, Мустачки во еден период водел и музичка ТВ-емисија, со наслов „Старите добри времиња“ во која, користејќи ја својата исклучително богата видео и аудио архива, знаел да направи вистински времеплов на добрата музика од македонските, од поранешните југословенски простори и од светот.

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски гитаристи Категорија:Македонски рок-музичари Категорија:Починати во 2014 година