Роберт Александар Петар Стамболџиев — австралиски фудбалер од македонска народност. Роден е на 26 октомври 1990 во Мелбурн, Австралија. Моментално игра во ФК Ники од Волос, Грција.

Kaриера Кариерата ја започнал во австралиски Престон Лајенс, кој всушност е клуб на македонските иселеници во Австралија. Во 2009 година, тој се преселил во Европа и тоа во грчкиот гигант Панатинаикос, со кој станал првак на Грција во сезоната 2010/11. По две сезони се преселил во ФК Кавала, па Продефтики и Трасиволос.

Во 2012 година, Стамболџиев ја сменил Грција со Кипар, каде играл во дресот на Олимпијакос од Никозија. Во Кипар играл и за АЕК Куклија, а во овој преоден рок потпиша за Ники од Волос, со што направил враќање во Грција.

Стамболџиев имал 7 настапи и 2 гола за австралиската млада репрезентација.

Поврзано Македонска дијаспора Македонци во Австралија

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Австралиски фудбалери Категорија:Македонци од Австралија Категорија:Фудбалери на ФК Панатинаикос Категорија:Фудбалери на ФК Сиднеј Категорија:Фудбалери на ФК Кидерминстер Хериерс