Ова е статија за државна награда. За истоимената личност видете Мајка Тереза мини|Наградата го негува споменот на ликот и делото на нобеловката Мајка Тереза Мајка Тереза — државна награда на Македонија, која се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. Во една година можат да се доделат најмногу до две награди. Се доделува на 26 август - денот на раѓањето на Мајка Тереза.„Службен весник на РМ“ бр. 52/06

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. Наградата првпат била доделена во 2006 година.

Добитници 2006 - Коте Тасевски - стоматолог примариус; - Христо Крстевски - писател; Ремзи Бала - дефектолог; и Стојан Тренчевски - новинар. 2008 - д-р Љупчо Ајдински - дефектолог и хуманист; и Антон Серечи - новинар и публицист; 2009 - Томе Серафимовски - вајар и Ресул Шабани - писател; 2010 - Халил Зендели - писател; и м-р Олга Јотовска - доктор специјалист педијатар; 2011 - Сами Нуредини - жител на Крушопек, спасувач на повеќе лица од сигурна смрт; и Здружение за цистична фиброза;Доделена државната награда Мајка Тереза за 2011 2012 - Хуманитарно здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ и УК Детски театарски центар; Доделена државната награда „Мајка Тереза“ 2013 - Живко Поповски - Цветин - сликар, хуманист и новинар; и Живко Мукаетов - генерален директор и претседател на управниот одбор на „Алкалоид;Наградата „Мајка Тереза“ врачена на Мукаетов и на Цветин 2014 - Поликсена Илиоска - одделенски наставник и педагог; 2015 - Сузана Тунева – Пауновска- секретар на Црвениот крст на град Скопје и Доц. д-р Буниамин Мемеди http://a1on.mk/wordpress/archives/524028 2016 - прим. д-р Димитар Котевски - доктор специјалист офталмолог http://cooltura.mk/kultura-i-nauka/dimitar-kotevski-dobitnik-na-drzhavnata-nagrada-majka-tereza 2017 - Миливоје Јанковски и доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски 2018 - Ленче Здравкин - хуманитарка и Омер Калеши - ликовен уметник 2019 - не е доделена. 2020 - не е доделена. 2021 - не е доделена. 2022 - не е доделена. 2023 - не е доделена. 2024 - не е доделена. 2025 - Борче Стаменов, хуманитарец и основач на невладината организација „Донирај компјутер“, и доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендоркинологија.

Наводи

Категорија:Награда „Мајка Тереза“ Категорија:Појавено во 2006 година во Македонија