Цариградските протести се случиле на 27 јули 1890 година во населбата Кумкапи во Истанбул. Во овие протести биле убиени повеќе лица вклучувајќи и еден полицаец а голем број биле повредени.

Протестите биле организирани од страна на Ерменската Цариградска патријаршија и Социјалистичката партија за будење на ерменското угнетувано население во Османлиското ЦарствоKhan-Azat, op. cit., VI (February 1928), pp. 124–125. Во почетокот демонстрантите упатиле барање до патријархот и Националното собрание по кое патријархот бил принуден да се приклучи кон поворката која се упатила кон палатата Јилдиз.. Демонстрантите главно од Високата порта барале да се исполни членот 61 од Берлинскиот конгрес кој гласел дека Високата Порта се задолжува да воведе реформи за локалното ерменско население и да осигури нивна безбедност од Курдите и Черкезите.

Наводи

Категорија:Отоманска Ерменија Категорија:Османлиски Цариград Категорија:Отоманското Царство во 19 век Категорија:Ерменски востанија