Саксонска Шума250px|center Местоположба на Саксонската Шумаво округот Војводство Лауенбург,светлоцрвената е општинската заедница Хое Елбгест Слободна областМестоположба: источно од ХамбургПокраина: Шлезвиг-ХолштајнОкруг: Војводство ЛауенбургОпшт. заедница: Хое ЕлбгестПовршина: 58,49 км2Население: официјално ненаселенаПоштенски број: 21521Повикувачки број: 04104Администрација: Рупрехт фон ХагенAm Schloßteich 121521 ФридрихсруМрежно место: Sachsenwald.deДелови: 3 подрачјаcenter|280п Шварце Ау источно од Штангентајхcenter|280п Биле во северниот дел на Саксонската Шума кај Вицхафе

Саксонска Шума () — една од двете слободни области во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Другата е Буххолц, во округот Зегеберг. Се наоѓа источно од Хамбург во југозападниот дел на округот Војводство Лауенбург и се граничи со округот Штормарн.

Географија

Саксонската Шума зафаќа површина од близу 70 км2 и со тоа е најголемата шумска област во Шлезвиг-Холштајн. Припаѓа на општинската заедница Хое Елбгест како слободна област.

Саксонската Шума поделена е на три подрачја: Аумиле Волторф Штангентајх

На пописот на населението од 25 мај 1987 година во областа се запишани шест станбени објекти, сите ненаселени.

Населените делови на шумата припаѓаат како енклави на општината Аумиле.Bodenflächen in Schleswig-Holstein und Hamburg am31.12.2011 nach Art der tatsächlichen Nutzung (PDF; 3,8 MB), Seite 2

Низ Саксонската Шума во насока исток-запад тече Шварце Ау. Долж северозападната граница на областа тече реката Биле, во која кај Аумиле се влева Шварце Ау.

Целокупната долина на Биле е прогласена за природна област.

Површина

Областа се состои 94% од шума, одвај три проценти од земјоделска површина и три проценти патишта:Bodenflächen in Schleswig-Holstein und Hamburg am31.12.2011 nach Art der tatsächlichen Nutzung (PDF; 3,8 MB)

Површина31 декември 2004 Хектари Проценти Шума 5.490 93,9 Земјоделска површина 145 2,5 Мор 6 0,1 Сообраќајни површини 22 0,4 Патишта 132 2,3 Градби 1 0,0 Слободна површина 1 0,0 Претпријатија 8 0,1 Водотеци 23 0,4 Без употреба 16 0,3 Вкупно 5.849 100,0

Сообраќај Патен

Саксонската Шума е важна област за одмор за Хамбург. Патишта кои поминуваат низ Саксонската Шума се:

Автопатот А 24 (4км од исток на запад во северниот дел) Сојузниот автопат Б404 (5,5 км од Касебург на север кон Шварценбек на југоисток во источниот дел) Покраинскиот пат Л208 (10 км од Гранде на север кон Крепелсхаген-Фарендорф на југ во западниот дел) Покраинскиот пат Л314 (6 км од Аумиле на запад кон Дасендорф на југ во западниот дел)

Железнички

Низ областа поминува линијата Хамбург-Шверин-Росток во насока исток-запад, на која сообраќа регионалниот воз Р20. Блиски постојки се Аумиле, Фридрихсру и Шварценбек. Линијата С21 на хамбуршката С-Железница завршува на постојката Аумиле.

Знаменитости

Замок Фридрихсру со музеј и мавзолеј на Бизмарк (замокот не е јавен) Градина на пеперутки во Фридрихсру (отворен цела година) Клетергартен Фондација Ото фон Бизмарк во железничката станица на Фридрихсру

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Фондација Ото фон Бизмарк Интерактивни карти Сојузна служба за природна заштита

Категорија:Нездружени подрачја во Шлезвиг-Холштајн Категорија:Шуми во Германија Категорија:Војводство Лауенбург