Владо Ѓорески – Рафик (р. во Битола) — македонски и словенечки графичар, сликар, сценограф, историчар на уметноста, ликовен критичар, дизајнер на театарски плакати. Гимназија завршил во Битола, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на одделот за Историја на уметност во 1981 година. Студирал на Меѓународниот центар за графички уметности во Љубљана, Словенија., Во 1980 година почнува да волонтира, а во 1981 година се вработува како сликар изведувач во Народен театар (Битола). Во 1982 година станува кустос по современа уметност во Заводот, музеј и галерија во Битола.

Својата прва самостојна изложба ја имал во 1981 година и оттогаш постојано изложува како самостојно, така и колективно, во земјава и во странство. На полето на ликовната критика е присутен пред сè во делот на графиката, не запоставувајќи ги и сликарството и вајарството,. Неговата уметничка афирмација се реализира и во меѓународни рамки како член на меѓународни жирија, селектор за повеќе ликовни центри во странство и стручни консултацијии:член е на Меѓународното жири на Графичкото биенале во Варна, Бугарија. 16th International Print Biennial Varna 2011 член на Меѓународното жири на Светската галерија на цртежи во Скопје, Република Македонија., член на меѓународни жирија во Србија, Црна Гора, Словенија, Италија...

Бил селектор на автори на македонски графичари на на Графичкото триенале во Шамалиер (Chamalières), Франција. Исто така на ова триенале тој претставува и уметници од други земји., на проектот - „Огледало- лице в лице “ во Виченца (покраина) и Венеција во Италија, Канада низ 7 универзитетски центри.Стручна консултација и учество во организирање на 2 то Меѓународно биенале на графиката, Чачак, Србија, Екс- Либрис, Русе, Бугарија, Клуж-Напока, Романија, Фире Арт-Солун и Атина, Грција ААмА, Кина... Исто така во областа на театарската уметност, има реализирано над 110 театарски сцениграфии по повее театарски центри во Македонија и странство.Vlado Goreski... Сценографот... Владо Ѓорески-Рафик

Работа Владо Ѓорески е уметнички директор на Меѓународно графичко триенале Битола, Република Македонија INTERNATIONAL TRIENNIAL OF GRAPHIC ART o BITOLA,Triennial of Graphic Art Bitola, 2018International Triennial of Graphic Art, Bitola како и уметнички директор на Меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи Битола ИБМБ-Битола

Творештво

„Владо Ѓорески е графички творец со исклучителен графички опус. Тој, подолго време создава во графички циклуси, комбинирајќи ги традиционалните графички техники со специфични графички постапки, вклучувајќи ги и со современиот графичи изрази и технологии. Со таа негова разновидност, постигнува уникатност и исклучителна ликовна енергичност и живототворност. Неговите дела се во слава на Графиката (Magnifikat). Toa е воспевање на линијата во сите нејзини пројавни форми, од поентилистички прапочетоци до карактерно најразновидни линиски системи и универзуми. Всушност, линијата му е темелно изразно средство, со која црта, раскажува, се исповеда, размислува и истражува низ нејзините нови и нови пројавни форми, преку кои стигнува до уметнички сериозни влогови и откритија со специфичен колорит. Тоа се моќни, интензивни и симболични дела. Во корелација со црната линиска структура, се претвораат во хармонична и компактна целина. Во класичните теники, создава диптиси кои се своевидна ликовна алузија на словенечкиот и германскиот експресионизам од пред Втората светска војна, со одредени постмодернистички асоцијации на поранешната доцно - средновековна уметнича апокалипса ( Јероним Бос, Питер Бројгел Постариот) целосно одразуваји го времето во кое живееме“... - Анамарија Стибиљ Шајн, - каталог : XII Likovni dnevi, Žužemberk, Словенија XII. Dvorski likovni dnevi.

„Изложбата го прави чинот на истражување на делата како талкање ноќе низ мистериозен простор, во катакомбите, до кулите, големите сали каде што од камените ѕидови одекнува глас, со површини каде што живеат духови, животински скелети и антички мапи низ тој лавиринт е човечко постоење распнато во страдање и чуда што одговараат на уметничките креации на светот (Гоја, Пираназе). Човекот се обидува да го пронајде својот пат во и надвор од замисленото време и простор! Толку богато со текстура и мистерија!!! Креативниот чин во делото на Владо Ѓорески е начин на постоење, каде што тој наведува дека уметноста нема рок на траење, туку може да се создаде одеднаш, може да излезе на виделина подоцна, кога и каде и да се сретнат чувствителностите на времето со публиката“. Дерек Бесант, уметник и критичар, Канада, Каталог на Торонто, 2024.

Сликарство и графика Галерија

Како сликар и графичар имал над дваесет самостојни изложби, а учествувал и на над двесте колективни изложби во земјава и странство: СловенијаSlovenija Open to Art,,[://www.dlul-drustvo.si/2019/06/15/avanti-grafika-drugic/ AVANTI GRAFIKA!], Хрватска, Франција, АнглијаDialogue with Nature/ Dialogue, Италија, МексикоPrints for Peace-Grabados por la Paz México /, Полска - Графичко триенале Краков - КелцеLitho,WYSTAWA, Биенале на минијатурна графика во ЛоѓVlado Goreski,Ex DIGITALIS Salon 2019, РусијаВладо Горески, ЈапонијаTOKYO INTERNATIONAL, Молдавија, УнгаријаHolocaust, Австралија, Турција, Бразил, Аргентина, Србија4. medjunarodno trijenale grafike, Ерменија, РоманијаBUCHAREST INTERNATIONAL PRINT BIENNALE – BIPB 2019... Втора меѓународна изложба „Мал графички формат 13х18 – Дигитална дијалог-работилница“, 2014/2015, Коњских, Радомиу, Келце, Буску-Здроју, Полска; Музеј на графиката, Пиза (со Паоло Чампини) (Pisa, Museo de la grafica, Italy, et Paolo Ciampini)[Каталог Museo de la grafica]; 9 Светско триенале на графика, 2014, Шамалиер, Франција (9 Trienniale Mondiale de petit format Chamalières, France, 2014)Каталог Trienniale Mondiale de petit format Chamolières 2014;Трибина на графиката, 2014, Музеј на уметноста Клуж (Tribuna Graphic, 2014, Museum of Art Cluj) Каталог Tribuna Graphic ISBN 978-973-1878-02-8; Оган, вода, земја, 2014, Шумен , Бугарија ; Оган, вода, земја, 2013, Гурен, Франција INTERNATIONAL ART PROJECTS - GOURIN; Седмо меѓународно графичко триенале Битола, 2012Каталог Седмо меѓународно графичко триенале Битола ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4, COBISS. MK- ID 91928330 стр. 332; Меѓународни уметнички проекти, 2012, Шумен, Бугарија INTERNATIONAL ART PROJECTS - SHUMEN; Шесто меѓународно графичко триенале Битола, 2009Каталог Шесто меѓународно графичко триенале Битола ISBN 9989 - 9896 - 1 - 3, COBISS. MK- ID 18451777 стр. 151; Светска галерија на уметност на хартија - Остен, 2009 ; Четврто меѓународно графичко триенале Битола, 2003 (група Сибелиус)Каталог Четврто меѓународно графичко триенале Битола ISBN 9989 - 9896 - 1 - 3, COBISS. MK- ID 17058113 стр. 128; Второ меѓународно биенале на мала графика, 2003, Тетово (група Сибелиус)Каталог Второ меѓународно биенале на мала графика; Самостојна изложба, Прилеп, 2002, 37 МТФ „Војдан Чернодрински“Каталог на 37 Македонски театарски фестивал; Самостојна изложба, Скопје, 2001, Млад отворен театар; Ла Белон, Брисел, 2000 (La Bellone, Bruxelles, 2000); Графичка уметност, Дебрецин , 2000 (Grafikusmuveszek, Debrecen, Hungary, 2000); Графичко биенале, Сеул , 2000 (Print Biennial, Seul, 2000, 12); Трето меѓународно графичко триенале Битола, 2000 (група Сибелиус)Каталог ISBN 9989 - 9896 - 1 – 3 стр. 112;Трето меѓународно графичко триенале Битола, 2000 (Владо – Миса на ангелите)Каталог Трето меѓународно графичко триенале Битола ISBN 9989 - 9896 - 1 – 3 стр. 161; Балканска изложба на графика, Суботица и Нови Сад , 1999Каталог Балканска изложба на графика; Норвешко меѓународно графичко триенале, Фредерикстад, 1997 (Norwegian international print triennale, Fredrikstad,1997); Самостојна изложба, Битола, 1981Студентски збор, Љубен Пауноски, мај 1981. Сценографија Галерија

Владо Ѓорески долги години е присутен на театарската сцена и за неговите сценографии има добиено бројни награди и позитивни критики.Ристо Стефановски „Театарот во Македонија“, ISBN 978 - 608 - 65513 - 0 - 8, COBISS. MK- ID 92827914, стр. 401, 405, 451Актерството и режијата во македонскиот театар, Зборник на трудови, Приредила: д-р Јелена Лужина ISBN 9989 - 9945 - 2 - - 5, COBISS - ID 0Иван Ивановски, „Потпелистерски талиини вечери“, Народен театар Битола, 1995, COBISS. MK- ID 20718346Иван Ивановски, „Битолска театарска хроника“, Народен театар Битола, 2002, COBISS. MK- ID 16678465. Неговите сценографии се присутни во многу театарски куќи како во земјава така и во странство: Драмски театар Скопје- Хамлет (1997 и 2012) „Хамлет” на Скопския Драмски театър; Јона Даб ; Сите лица на Петре М. Андреевски ; Архелаос или Еврипид се враќа дома Премиера на драмскиот текст „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот" на Јордан Плевнеш;Турски театар Скопје-Ромео и Јулија ; Гилгамеш ; Тартиф ; И јас сум Орхан ; Македонски народен театар-Делириум за двајца; Животот е сон ; Народен театар Струмица-Досие Стриндберг ; Последниот ден на Крсте Петков Мисирков; Народен театар Прилеп -Роберто Зуко;Полковникот птица; Жена за полковникот ; Светилник ; Крпен живот; Народен театар Битола -Браќата Карамазови ; Мајсторот и Маргарита ; Подземна републикаРисте Стефановски „Театарот во Македонија“, ISBN 978-608-65513-0-8, COBISS.MK-ID 92827914, стр. 401 - 405; Бегалка; Домот на Бернарда Алба; Notre femme de ParisИван Ивановски „Битолска театарска хроника“, Народен театар Битола, 2002, COBISS.MK-ID 16678465;Родопски драмски театар „Николај Хајтов“ (Родопски драматичен театър „Николай Хайтов“), Смолен , М м е... кој прв почна; Градски театар „Марин Држиќ “ (Gradsko kazalište Marina Držića), Дубровник , Браќата Карамазови U SVIJETU TEATRA...

Ликовна критика Објавил бројни критички осврти, есеи, прикази и предговори за каталози како и историски прегледи особено за уметноста во Македонија. Особено се истакнуваат неговите прилози за:Агата Герчен (Agatha Gertchen), ПолскаVII Меѓународно графичко триенале Битола 2012, Каталог ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4 , COBISS. MK- ID 91928330 стр. 9-10Agata Gertchen: grafika, ISBN 8361424296, 9788361424291, Akademia Sztuk Pięknych. Wydział Artystyczny, 2011 Agata Gertchen texts; Миодраг Дадо Ѓуриќ - Душан Џамоња; Леонардо Готлиб (Leonardo Gotleyb), Аргентина V Меѓународно графичко триенале Битола 2006, Каталог ISBN 9989 - 2424 - 5 - 3 COBISS. MK- ID 17058113 стр. 200; Марк Фризинг (Marc Frising), БелгијаVII Меѓународно графичко триенале Битола 2012, Каталог ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4 , COBISS. MK- ID 91928330 стр. 21 Marc Frising; Морис Пастернак (Maurice Pasternak), БелгијаV Меѓународно графичко триенале Битола 2006, Каталог ISBN 9989 - 2424 - 5 - 3 COBISS. MK- ID 17058113 стр. 206; Паоло Чампини (Paolo Ciampini), ИталијаV Меѓународно графичко триенале Битола 2006, Каталог ISBN 9989 - 2424 - 5 - 3 COBISS. MK- ID 17058113 стр. 212; Слободан Јевтиќ (Slobodan Jevtic), ФранцијаVII Меѓународно графичко триенале Битола 2012, Каталог ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4 , COBISS. MK- ID 91928330 стр. 16; Валерија Бертесина (Valeria Bertesina)Valeria Bertesina, Solo Exhibition, Catalog; Виктор Ернандес Кастило, (Victor Manuel Hernandez Castillo) Savremena grafička scena proteklih decenija.

Дизајн на театарски плакати

Владо Ѓорески е автор на голем број театарски плакати за кои добивал и бројни награди. Меѓу другите ги изработил плакатите за следниве театарски претстави: „Мајсторот и Маргарита“-Михаил Булгаков, Народен театар Битола; „Опера за три гроша“ - Бертолт Брехт , Народен театар Прилеп; „Дон Кихот“ – Сервантес, Народен театар Штип; „Полицајци“ - Славомир Мрожек , Народен театар Охрид; „Браќа Карамазови“ – Достоевски, Градски театар „Марин Држиќ“ Дубровник, Хрватска;„М м е... кој прв почна“ - Дејан Дуковски, Родопски театар Смолен, Р. Бугарија, итн.

Оригинални проекти

Евангелие по сенките (со Владо Цветановски) – Народен театар Битола И јас сум Орхан (според делата на Орхан Памук) – Турски театар Скопје ; Досие Стриндберг – Народен театар „Антон Панов “ – Струмица Театарски гласник;