Аластер Ијан „Ал“ Стјуарт (; роден 5 септември 1945) — шкотски пејач, композитор и фолк рок-музичар кој се стекнал со слава за време на Британската фолк преродба во 1960-те и 1970-те. Тој развил уникатен стил со тоа што компонирал рок фолк песни во кои се пеело за настани и личности од историјата.

Стјуарт издал шеснаесет студиски и три албуми во живо по издавањето на неговиот дебитантски албум Bedsitter Images во 1967 година, и продолжил да настапува во САД, Канада, Европа и Обединетото Кралство.

Стјуарт работел заедно со Питер Вајт, Алан Парсонс, Џими Пејџ, Ричард Томсон, Рик Вејкман, Френсис Монкмен, Тори Амос и Тим Ренвик, а негова последна соработка е забележана со Дејв Накманоф и поранешниот гитарист од групата Wings, Лоренс Џјубер.

Надворешни врски Официјален портал

Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Шкотски музичари