Хелен Мирен (англиски: Helen Mirren; р. 26 јули 1945 во Лондон) — британска глумица.

Животопис Хелен Мирен (родена како Иљена Лидија Миронов) е родена на 26 јули 1945 година во Хамерсмит, западен Лондон. Таа има руско потекло. Нејзината мајка се викала Кетлин Александрина Ева Матидла Роџерс (Kathleen Alexandrina Eva Matilda Rogers) и потекнувала од сиромашно работничко семејство, додека нејзиниот татко, Василиј Петрович Миронов бил државен службеник, роден во Курјаново, Русија, додека неговиот татко бил дипломат. Нејзиниот прекар е "Пуканка (Popper)". мини|лево|Хелен Мирен, Лондон, 2007 г. Хелен Мирен го завршила средното женско училиште "Св. Бернард" (St. Bernards High School), по што ја започнала својата глумечка кариера, работејќи во повеќе театри. Во 1997 година се омажила за американскиот режисер Тејлор Хекфорд.“Истенчен моден вкус”, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 80 Хелен Мирен е висока 163 сантиметри.IMDB, Helen Mirren

Театарска кариера На осумнаесет години успеала да ја помине аудицијата во англискиот Национален младински театар (NYT); а на дваесет години, ја глумела Клеопатра во претставата Антониј и Клеопатра во продукција на NYT. Мирен рекла дека со оваа улога ја започнала нејзината кариера, а придонела да потпише со агентот Ал Паркер.

Како резултат на нејзината глума во Националниот младински театар, Мирен била поканета да се приклучи на Кралската Шекспирова компанија (RSC). Таму ја глумела Кастиза во Трагедијата на одмаздникот (1966), Дијана во „Секое зло за арно“ (1967), Кресида во „Троил и Кресида“ (1968), Розалинд во „ Како ви е арно, така“ ( 1968), Јулија во „Двајцата велможи од Верона“ (1970), Татјана во „Непријатели“ на Горки (1971) и насловниот лик во „Госпоѓица Јулија (1971). Таа, исто така, се појавила во четири продукции, во режија на Брахам Мареј за Century Theatre при Универзитетскиот театар во Манчестер, во периодот од 1965 до 1967 година.

Во 1970 година, режисерот Џон Голдшмит снимил документарен филм за Мирен под наслов Doing Her Own Thing. Во 1972 и 1973 година, Мирен работела во Меѓународниот центар за театарски истражувања од Питер Брук и се приклучила на нивната турнеја во Северна Африка и САД. Во 1974 година се вратила во Кралската Шекспирова компанија.

Во септември 1975 година, во Театарот на кралскиот двор во Вест Енд, играла улога на рок ѕвезда во претставата „Заби и насмевки“, музичка претстава од Дејвид Хер.

Од ноември 1975 година, како член на Lyric Theatre Company, Мирен редовно била на репертоарот на Вест Енд. Глумела во Галеб и во The Bed Before Yesterday. Во 1977 година ја глумела кралицата Маргарет во претставата Хенри VI, а во 1979 година била Изабела во Танте за кукуригу во студиото Риверсајд.

мини|лево|Х. Мирен, Сан Диего, 2010 г.

Филмски опус Хелен Мирен остварила богата телевизиска и филмска кариера. За своите улоги, таа добила повеќе престижни филмски награди:IMDB Helen Mirren

Во 2007 година ја добила наградата "Оскар" за главна женска улога во филмот "Кралица" од 2006 година. За оваа награда била номинирана и во 2010 година, за улогата во филмот "Последната станица" (The Last Station). Покрај тоа, двапати била номинирана за наградата "Оскар" во категоријата "споредна женска улога", и тоа: во 1995 година, за улогата во филмот "Лудилото на кралот Џорџ" (The Madness of King George) и во 2002 година, за улогата во филмот "Паркот Госфорд" (Gosford Park).мини|десно|Х. Мирен во 2014 г. Исто така, Мирен е добитничка на четири награди на "БАФТА (BAFTA)": во 1992, 1993 и 1994 година ја добила телевизиската награда на БАФТА за најдобра глумица, за улогата во "Главниот осомничен" (Prime Suspect), "Главниот осомничен 2" (Prime Suspect 2) и "Главниот осомничен 3" (Prime Suspect 3), додека во 2007 година ја добила филмската награда на БАФТА за најдобра глумица, за улогата во филмот "Кралицата".

Мирен има добиено и три награди "Златен глобус (Golden Globe)", и тоа: 1997 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Губитничка хајка" (Losing Chase), 2007 година - за најдобра глумица во филм, за улогата во "Кралицата", 2007 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Елизабета Прва" (Elizabeth I). мини|десно|Х. Мирен на 28. Филмски фестивал во Токиот, 2015 г. Мирен е добитничка на четири награди "Еми (Emmmy)": 1996 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Главниот осомничен: мирисот на мракот" (Prime Suspect: The Scent of Darkness), 1999 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Страста на Ајн Ренд" (The Passion of Ayn Rand), 2006 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Елизабета Прва" (Elizabeth I), 2007 година - за најдобра глумица во телевизиска мини-серија или телевизиски филм, за улогата во "Главниот осомничен: последниот чин" (Prime Suspect: The Final Act).

На Канскиот фестивал, Мирен освоила две награди за најдобра глумица, и тоа: во 1984 година, за улогата во филмот "Кал" (Cal) и во 1995 година, за улогата во "Лудилото на кралот Џорџ".

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Британски глумици Категорија:Добитници на Оскар Категорија:Добитници на наградата „Тони“ Категорија:Дами-заповеднички на Редот на Британската Империја Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Добитници на наградата „Лоренс Оливие“ Категорија:Добитници на Златен глобус