„Штамата на Енхалон (мемоари)“ — збирка куси раскази од македонскиот писател Ненад Јолдески, објавена во 2009 година, во издание на Темплум.

Технички одлики

Збирката е објавена како осма книга од едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 80 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-65-4. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата Кома. На кориците се ставени слики на Кит Шор (Keith Shore), а на задната корица се дадени основни биографски податоци за авторот. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка АД - Скопје.Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Енхалон (Мемоари), Темплум, Скопје, 2009.

Содржина Збирката „Штамата на Енхалон (Мемоари)“ содржи 26 куси раскази: поштарот не пуштат писмо по вода игри, сено и поезија во случај да бидете опасна комбинација со своите цимери подобро разделете се - има доволно скапи слободни гарсојњери во Скопје јаболкницата - табакера кај се жените? Електронски жили Ристо Крле и баба му државен удар двобој приказната за цајканот клен и раскрсницата со расипан семафор специјалноста на госпоѓата “општа” курвинско статистичка обработка на еден школски ден за кого бијат тенџерињата Приказната за Пеце Рингла метеор - одговор Чехов и педалинката негативните последици на автостопот врз родителите дневникот со трагична судбина уметноста на фрлањето од училишна зграда калој и пржени јајца за вечера Локов (1 дел) (Некој работи се трошет на зима) Локов (2 дел) (Вероника реши да умрит, Фичо да спијат) клуч халуцинации не - непијам (Константин Миладинов и Фљорим Везденски) ко че заминит поезијата - автобусот вртит десно

Наводи

Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Дела на Ненад Јолдески Категорија:Книги од 2009 година Категорија:Добитници на наградата „Новите!“ Категорија:Македонски дела од 2009 година Категорија:Појавено во 2009 година во Македонија Категорија:Македонски раскази