Крастава година е збирка сатирични и хумористични раскази, напишана од македонскиот писател Бошко Смаќоски. За првпат, збирката е објавена во 1972 година, во издание на НИК “Наша книга” - Скопје, во рамките на библиотеката “Врвици”. Технички одлики Книгата е отпечатена во 1972 година, во печатницата “Наша Книга”, во тираж од 3 000 примероци. Коректурата била извршена од Нада Ќорвезироска. Книгата има 99 страници. Нејзиното објавување било финансиски помогнато од Републичкиот фонд за унапредување на издавачката дејност во СРМ.Бошко Смаќоски, Крастава година, НИК “Наша книга”, Скопје, 1972. Содржина Основната тема на збирката е животот во едно село во Македонија, во периодот по Втората светска војна. Во збирката се застапени раскази: Крастава година Конференција Аналфабети Судење Митана се мажи Претседател Овчари Печалбар Пане, шумарот и неговата жена Костовица Ударници Митре цело село Операција Дамјан вдовецот Поштарот Родилен дом Крај казанот

Наводи

Категорија:Дела на Бошко Смаќоски Категорија:Изданија на Наша книга