Надворешни Хебриди (; ) — островска група западно од брегот на континентална Шкотска, северозападно од Внатрешни Хебриди. Заедно, овие две островски групи формираат една целост, архипелагот Хебриди. Постојат 15 населени острови, и 50 подалечни ненаселени во внатрешноста на групата.
Стопанство Главните стопански дејности се: туризам, фармерско земјоделство, риболов и произведување на виски. Во модерно време, Внатрешните Хебриди ги сочинувале две локални јурисдикции, една на север, и една на југ. Заедно, островите имаат површина од 3,070 km2 и население од 27.400 жители. Густината на населеност изнесува нешто повеќе од .
Клима
На острoвите владее блага клима под влијание на Голфската струја. Јануарските температури се околу 4-5 °C, а 12-16 °C во лето. Дождовите се чести, а годишната количина на врнежи е 1.000-1.200 mm. Хебридите се секогаш изложени на јаки ветрови. Просечната брзина на ветровите е преку 20 км/ч, а често достигнуваат брзина од 50-85 км/ч.
Историја мини|лево|Замокот Кисимул Во најголем дел историјата на Хебридите се поклопува со историјата на Шкотска. Во времето на Кралството Далријада островите ѝ припаѓале на Ирска. Во периодот 572-1266 биле под власт на Норвежаните. Во X и XI век овде се јавила мешана галско-нордиска култура. Од XIII век Хербидите биле централен дел на власта на кланот Доналд. Тоа било шкотско поткралство кое на врвот на својата моќ ја зафаќало Северна Ирска и западниот брег на Шкотска. Малиот остров Јона бил центар на овие територии и традиционално духовно средиште на Шкотска. Христијанството од Ирска се проширило на Шкотска преку овој остров, почнувајќи од 563 година.
Поврзано Внатрешни Хебриди
Наводи
Надворешни врски Поголеми острови од Хебридите Водич низ островите
Категорија:Географија на Шкотска Категорија:Управни области во Шкотска Категорија:Намесништва во Шкотска Категорија:Поранешни колонии на Норвешка