Вардарската Бановина — административно територијална единица (бановина) во рамките на Кралството Југославија од 1929 до 1941 год. Се наоѓала на најјужниот дел на земјата, во чии рамки спаѓала целата територија на денешна Република Македонија, јужните делови од Средна Србија и југоисточно Косово. Именувана е по реката Вардар со административно средиште во градот Скопје.Heinz Willemsen/Stefan Troebst: Schüttere Kontinuitäten, multiple Brüche; Die Republik Makedonien 1987-1995 in Egbert Jahn (Hrsg.): Nationalismus im spät- und postkommunistischen Europa. Band 2: Nationalismus in den Nationalstaaten, Verlag Nomos, 2009, ISBN 978-3-8329-3921-2, S. 517

На чело на бановината бил бан, именуван од кралот, по предлог од Министерскиот совет, со мандат од 4 години. Бановината била востановена е со посебен закон и во неа влегувале Вардарскиот дел на Македонија, Јужна Србија, областа Косово и речиси цела Метохија, со вкупно 36.672 км2. Бановината била поделена на 44 околии (срезови) и 453 општини, подоцна намалени на 365.

Според статистиките од 1930 година, од деветте југословенски бановини во тоа време, Вардарската Бановина била најголема бановина со површина од , а четврта според население со 1,386,370 жители.Објавено од Централното Пресс Биро на Министерскиот совет, Белград, 1930 година.

Граници мини|лево|300п|Карта на југословенските бановини. мини|лево|300п|Карта на Вардарската Бановина.

Според уставот на Кралството Југославија од 1931, Вардарската Бановина на север се граничела со границите на Зетската и Моравската Бановина, а на исток, југ и запад со државните граници на Бугарија, Грција и Албанија.

Историја

Бановината била создадена со новата административно-територијалната поделба на државата во октомври 1929 година, истовремено кога било сменето името од Кралство на Србите, Хрватите и Словенците во Кралство Југославија. Подоцна била потврдена и со следниот т.н. Октроисан устав од 1931 година.

Во 1941, силите на Оската во Втората светска војна ја зазеле Југославија, и со тоа Вардарска Бановина и ја поделиле помеѓу Бугарија, Србија под германска воена управа и Албанија под италијански протекторат. По Втората светска војна, јужниот дел од регионот станал Демократска Федерална Македонија додека северниот дел се припоил кон Демократска Федерална Србија, кои пак биле дел од Демократска Федеративна Југославија.

Демографија

<center> {| class="wikitable" style="border:2px #aaa solid; font-size:90%;" |- style="background:#ccc; text-align:center;" ! colspan="4" style="background: LightSteelBlue;" | Попис на населението на Кралство Југославија од 1931 (по вероисповед)</div> |- style="background:#ccc; text-align:center;" ! вера ! број на верници !% |- | православна | <center>1.046.039<center> | 66,45% |- | римокатоличка | 18.474 | 1,17% |- | евангелистичка | 430 | 0,02% |- | останати христијани | <center>2.346| 0,15% |- | исламска | 499.362 | 31,72% |- | без конфесија | 7.594 | 0,48% |- | ВКУПНО | 1.574.245 | 100%

Банови Слика Име(Роден–Починал) Почеток на мандатот Крај на мандатот Живоин Лазиќ(1876—1958) 10.1929 07.1932Јаниќије Красоевиќ (в.д.)07.193204.1934Александар Станишиќ(1877—1934)04.193409.1934 Драгослав Ѓорѓевиќ(1887—1973) 01.1935 09.1935 Ранко Трифуновиќ(1878—1939) 09.1935 02.1936Светислав Пауновиќ08.193607.1937 Марко Новаковиќ 07.1937 02.1939 Владимир Хајдук-Вељковиќ(1892—1939) 03.1939 09.1939 Александар Андреевиќ(1877—?) 10.1939 06.1940 Живоин Рафајловиќ(1871—1953) 07.1940 1941

Поврзано Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931) Кралство Југославија Вардарска Македонија

Наводи

Надворешни врски Изданија на Службениот весник на Вардарска Бановина Уставот на Кралството Југославија

Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Бановини во Кралство Југославија Бановина Категорија:Држави и територии настанати во 1929 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1941 година