Мехмед Талат-паша ( во - во ) — османлиски државник и Голем везир на империјата во 1917 година.

Бил роден во Крџали каде се школувал и работел во телеграфска компанија, но во 1893 година бил уапсен поради илегална активност. Учествувал во движењето против деспотската власт на Абдул Хамид II, а подоцна се вклучил во младотурската организација. Во периодот од 1898 до 1908 работел како поштар во Солун каде основал локална организација.

По крајот на Младотурската револуција станал министер за внатрешни работи. По атентатот на претседателот на владата, Махмуд Шевкет Паша во јули 1913 година, заедно со Енвер и Џемал Паша станал водечка фигура во земјата позната како Тројца паши кои де факто управувале со земјата во времето на Првата светска војнаSylvia Kedourie, S Tanvir Wasti (1996) Turkey: Identity, Democracy, Politics. ISBN 0-7146-4718-7 p. 96. Поголемиот дел од историчарите го обвинуваат како главен проектант за Ерменскиот геноцид. Во 1917 година станал Голем везир, но немал сили да ја спаси земјата од пропаст во војната.

По војната си поднел оставка и побегнал во Берлин каде бил убиен во 1921 година од еден ерменски граѓанин.

Цитат

Наводи

Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 20 век Категорија:Паши Категорија:Комитет за единство и напредок Категорија:Активисти на Младотурската револуција Категорија:Отомански Помаци Категорија:Отомански министри Категорија:Отоманци од 19 век Категорија:Линчувани луѓе во Отоманското Царство Категорија:Помаци