Зелената милја (англиски: The Green Mile) — американски филм од 1999 година, во режија на Френк Дарабонт. Главните улоги ги толкуваат: Том Хенкс, Мајкл Кларк Данкан и Дејвис Морс.

Содржина Осудените на смртна казна своето одделение во затворот го нарекуваат „Зелената милја“, поради зелениот линолеум на подот. Пол Еџкомб (го игра Хенкс) е главен чувар на тоа одделение, додека Џон Кофи (го глуми Данкан) е затвореник, кој го чека извршувањето на смртната казна поради убиството на две девојчиња. И покрај извршеното злосторство, Џон е добро воспитан и повеќе делува како невино дете, отколку на криминалец. Наскоро, Пол открива дека Џон има способност да ги излекува затворениците и поради тоа сите се прашуваат, каков човек е тој и дали навистина го извршил злосторството за кое е осуден.Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 18. Антена, број 844, 29.8.2014, стр. 25. Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 24. Наводи

Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови со Том Хенкс Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1999 година