Руска „алтернативна“ проза е збирка раскази од руски автори, објавена во 1994 година од издавачката куќа „Темплум“. Преводот од руски јазик го направил Павел Попов.Руска “алтернативна” проза, Темплум, Скопје, 1994

Технички одлики Книгата, која е објавена во рамките на библиотеката “Влијанија”, има 176 страници. Каталогизацијата е извршена од Народна и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ - Скопје. Книгата е со мек повез и мал формат (15 сантиметри). Лектурата, коректурата и графичкото уредување е дело на фирмата “Кома”. На насловната корица се наоѓа интервенција врз детаљот од „Фундаменталниот лексикон“ на Гриша Брускин.Руска „алтернативна“ проза, Темплум, Скопје, 1994 Содржина Во збирката се застапени 16 раскази од 15 руски писатели. Покрај нив, на крајот од книгата е даден поговор, потпишан од Павел Попов и Аббе Бузони. Книгата ги содржи следниве раскази: Василиј Аксјонов, Негативот на позитивниот лик Владимир Казаков, Моите средби со В. Казаков Димитриј Бакин, За одењето бестрага Евгениј Попов, Ќебето на Сун Јатсен Анатолиј Гаврилов, У! У! У! Саша Соколов, Вознемирената кокона Александар Терехов, Харон Виктор Ерофеев, Телото на Ана, или Крајот на руската авангарда Вјачеслав Пјецух, Последното патување Вјачеслав Пјецух, Сухов, сквернувачот на гробови Викторија Фролова, Бомба Виктор Соснора, Книга на празнините Људмила Петрушевска, Три реквиеми (Сирак, Смислата на животот, Мистика) Татјана Толста, Серафим Петар Кожевников, Дупло Сергеј Медведев, Чудни раскази

Наводи

Категорија:Руска книжевност Категорија:Изданија на Темплум