Терминатор 2: Судниот ден () — американски филм, во режија на Џејмс Камерон. Главните улоги ги толкуваат: Арнолд Шварценегер, Линда Хамилтон и Роберт Патрик.

Содржина Сара Конор дознава дека нејзиниот син, Џон е последната надеж за да се спаси и одржи човештвото. Таа се претвора во вистински воин за да го советува и брани својот син од терминаторите кои се испратени од иднината за да го убијат Џон Конор. Поради нејзините апокалиптични визии, Сара ја сместуваат во лудница, а Џон го удомуваат. Од иднината пристигнува најновиот модел на терминатор Т-1000 со задача да го елиминира Џон. Меѓутоа, истовремено пристигнува и еден добар терминатор од постариот модел Т-800, чија мисија е да го заштити Џон Т. Т-1000 постојано и неуморно го бара Џон, но Т-800 му се противставува и го уништува Т-1000. Т-800, Сара и Џон дознаваат за Skynet и за Дајсон, решени да го спречаат Судниот Ден. Тие ја уништуваат опремата на Дајсон, а потоа Сара го уништува T-800 по негово барање, бидејќи не може самиот да се самоубие. Филмот завршува со мислите на Сара за иднината.Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 21.

Глумци Арнолд Шварценегер како Терминатор T-800 (Model 101) Едвард Фурлонг како Џон Конор Линда Хамилтон како Сара Конор Роберт Патрик како T-1000 Џо Мортон како Мајлс Бенет Дајсон Ерл Боен како Д-р Питер Силберман

За филмот Џејмс Камерон се одлучи да направи продолжение на првиот филм. Арнолд Шварценегер рече дека се чувствувал дека треба да се продолжи приказната на Терминатор, затоа тој и Хамилтон се согласија да ги репризираат улогите од првиот филм и тоа и го сторија. За улогата на Џон Конор беше избран Едвард Фурлонг од стотина кандидати којшто сакаа да го глумаат Џон Конор. Роберт Патрик беше избран за улогата на Т-1000 и тој имаше претходно глумечко искуство, за разлика од Едвард, кој немаше. За улогата на Мајлс Дајсон бил избран Џо Мортон. Камерон заедно со неговите ко-продуценти изнајми канцеларија во Холивуд, отпочнувајќи ја продукцијата на филмот, тоа го направи пред да ја состави екипата на филмот. Адам Гринберг беше избран за директор на кинематографија, а и Јозеф Немек III беше задолжен за продукцијата. Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Џејмс Камерон Категорија:Филмови со Арнолд Шварценегер