мини|десно|Сателитска слика thumb|мини|десно|Копер мини|десно|Изола мини|десно|Пиран

Словенечки брег или Словенечка ривиера () — крајбрежното подрачје на Словенија, сместен покрај Трстјанскиот Залив на Јадранско Море. Таа е дел од полуостровот Истра и нејзината должина изнесува 46,6 км. Подрачјето се состои од градовите Копер, Пиран и Изола.

Географија Крајбрежјето на словенија се протега долж дел од полуостровот Истра и спаѓа во Крајбрежно-крашкиот статистички регион и во историската област на словенечкото крајбрежје. Се граничи со Италија на север, и со Хрватска на југ. Најсеверна точка е местото Дебели Ртич во Коперски Залив; а најјужна точка е селото Сечоле во Пиранскиот Залив.

Подрачјето опфаќа 13 населби, поделени на следниве општини:

Општина Копер со Анкаран и Бертоки. Општина Изола со Добрава и Јагодје. Општина Пиран со Фиеса, Луција, Парецаг, Порторож, Сеча и Сечовље.

Сообраќај Крајбрежјето се состои од пристаништата Копер, Пиран, Луција и Порторож. Железничката станица во Копер е завршеток на релацијата Дивача-Копер, и аеродромот Порторож е сместен близу Сечовле и хрватската граница. Главни патишта овде се патот 111, кој се приклучува на автопатот А-1 (до Љубљана и Марибор) кај Копер.

Поврзано Коперски Залив Пирански Залив Приморска Истра

Надворешни врски

Словенечкиот брег и морското дно Информации и карти од Словенечкиот брег

Категорија:Географија на Словенија Категорија:Приморска Категорија:Истра Категорија:Јадранско Море