Игор Михајловски ( во Куманово) — македонски поранешен кошаркар, репрезентативец и тренер. Тој бил тренер на Работнички. Животопис Играчка историја Младинска кариера Со кошарка Игор Михајловски почнал да се занимава од својата дванаеста година, започнувајќи ја својата кошаркарска кариера во матичниот клуб Куманово. Професионална кариера Игор Михајловски својата професионална кариера ја започнал во КК Куманово во 1988 година. Во 1990 година се приклучил во редовите на белградски Партизан под тренерска палка на Душан Вујошевиќ , а подоцна и на проф. Александар Николиќ и Жељко Обрадовиќ со кој ги освоил државниот куп, првенството на Југославија како и европската шампионска титула во 1992 година. Сезоната 1992/93, Михајловски бил даден на позајмица во Борац од Чачак. Следната сезона се преселил во МЗТ Аеродром. Со МЗТ со освоил Купот на Македонија 1996 и 1997. За сезоната 1997/98 година, Игор потпишал за Годел Работнички, притоа освојувајќи ја двојната круна. Следната сезона, Михајловски со Работнички ја одбранил титулата во Првенството. За сезоната 1999/00, тој се преселил во словенечка Рогла Атрас од Зрече. Сезоната 2000/01 играл за португалски Порто. За сезоната 2001/02, Игор се вратил во матичниот КК Куманово, со кој станал вицепрвак во домашното првенство. Во 2003 играл повторно во Португалија, овојпат во Лузитанија.
Репрезентативна кариера Михајловски бил член на кошаркарска репрезентација на Македонија, кога на 30 мај 1993 година го одиграл првиот натпревар, со над 40 официјални натпревари. како и учесник на Европското Кошаркарско Првенство 1999 кое се одиграло во Франција на која за првпат македонската репрезентација зазела учество на еден голем спортски настан.
Тренерска кариера Михајловски е носител на тренерска ПРО-А и ФИБА лиценца за професионални кошаркарски тренери.
Игор Михајловски бил селектор на македонската репрезентација за играчи до 16 години и ја водел кошаркарската школа на КК Куманово. Тој бил тренер на КК Михајловски, а во август 2014 година станал тренер на КК Куманово.„Игор Михајловски нов кормилар на Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 22. По поразот на домашен терен од КК Тиват во БИБЛ натпреварувањето, на 22 јануари поднесол отставка. По оставката, останал да е само тренер на КК Михајловски.Список на одобрени играчи и службени лица - КК Михајловски - Сезона 2014/15 basketball.org.mk
За сезоната 2016/17, Игор му станал помошник тренер на Врбица Стефанов во гевгелиски Кожув. Во ноември 2016 година, поради лошите резултати Стефанов поднел оставка од тренерското место. На местото главен тренер дошол Михајловски. Во јули 2017 година, тој повторно станал тренер на Куманово 2009. На крајот на октомври 2017, Михајловски си поднел оставка како тренер на Куманово. На почетокот на 2019 година, Михајловски станал помошник-тренер на Работнички. Со Работнички, Михајловски го освоил Купот на Македонија 2019.
Успеси Играчки титули Партизан Европски Куп на шампиони (1) : 1991/92 Прва југословенска лига (1) : 1991/92 Куп на Југославија (1) : 1992
МЗТ Аеродром Куп на Македонија (2) : 1996, 1997
Работнички Прва македонска лига (2) : 1997/98, 1998/99 Куп на Македонија (1) : 1998
Тренерски титули Работнички Куп на Македонија (1) : 2019 (помошник тренер)
Наводи
Надворешни врски Профил на Игор Михајловски на fibaeurope.com Профил на Игор Михајловски на turkey2010.fiba.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Куманово Категорија:Кошаркарски тренери од Куманово Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје