мини|десно|300п|Класификација на галаксиите според Хабл мини|300п|десно|Галаксијата NGC 1300 мини|300п|десно|Галаксијата Вајар
Пречкеста спирална галаксија — спирална галаксија со средишна структура во облик на пречка составена од ѕвезди. Пречките се среќаваат кај околу две третини од спиралните галаксии и влијаат на движењето на ѕвездите и меѓуѕвездениот гас во галаксијата, а може да ги засегаат и спиралните краци.
Истакнатиот американски астроном Едвин Хабл ги класификувал спиралните галаксии од овој вид како SB (spiral, barred = спирални, пречести) во неговата Хаблова низа и ги сместил во три поткатегории зависно од отвореноста на спиралните краци. Оние означени со SBa имаат густо врзани краци, SBb се средни, а SBc имаат најлабави краци. Подоцна е воведена четвртата поткатегорија SBm за означување на пречкестите спирални галаксии со извесен степен на неправилност, како што се оние во Магелановите Облаци. Некои други видови галаксии според Хабловата класификација се: спиралната, елиптичната и неправилната галаксија.
Набљудувањата со радиотелескопи веќе подолг период укажуваат на тоа дека Млечниот Пат е пречкеста галаксија, а инфрацрвените набљудувања со вселенскиот телескоп „Спицер“ во 2005 г. ги поддржале овие претходно насодбрани доказни податоци.
Пречки Пречкестите спирални галаксии се најзастапени, со дури две третини од сите спирални галаксии. Тековната хипотеза вели дека пречката делува како своевидно ѕвездено мрестилиште, напојувајќи го настанокот на ѕвездите во нивните средишта. Се смета дека пречката е механизам кој го спроведува гасот од спиралните краци навнатре по пат на орбитална резонанција, и со тоа создавајќи нови ѕвезди. Овој процес воедно го објаснува фактот што многу пречкести спирални галаксии имаат активни галактички јадра, како оние што се забележуваат во галаксијата Јужна Вртимушка.
Се смета дека пречката настанува со делувањето на густински бран кој зрачи од средиштето на галаксијата и ги преобликува орбитите на внатрешните ѕвезди. Овој ефект потоа преоѓа и на понадворешните ѕвезди, создавајќи самоодржлива пречкеста структура.
Научниците сметаат дека пречката е привремена појава во развојот на галаксијата, и дека пречката постепено се губви, преобразувајќи ја галаксијата од пречкеста спирална во обична спирална галаксија. Кога ќе надмине извесна насобрана маса, пречката веќе не може да ја додржи и почнува да се распаѓа. Галаксиите со голема маса во средиштето имаат кратки и дебели пречки.Barred Spirals Come and Go, Sky and Telescope, април 2002 Се смета дека развојниот циклус на една спирална галаксија од непречкеста во пречкеста трае околу милијарда години.Ripples in a Galactic Pond, Scientific American, октомври 2005
Неодамнешните истражувања потврдуваат дека присуството на пречка во галаксијата укажува на нејзината зрелост, односно крај на нејзиниот развој или образување. Научниот центар „Спицер“ при Калифорнискиот технолошки институт утврдил дека само 20% од спиралните галаксии во далечното минато имале пречки, во споредба со речиси 70% кај денешните.Barred Spiral Galaxies are Latecomers to the Universe Newswise
Варијанти
Пример Вид Слика Информации Белешки(Де Вокул.) SB0- SB0- е вид на леќеста галаксија SB0 SB0 е вид на леќеста галаксија SB0+ SB0+ е вид на леќеста галаксија SB0/a SB0/a може да се смета и за вид на пречкеста леќеста галаксија NGC 4314 SBa 100п впрочем SB(rs)a NGC 4921 SBab 100п впрочем SB(rs)ab Месје 95 SBb 100п впрочем SB(r)b NGC 3953 SBbc 100п впрочем SB(r)bc NGC 1073 SBc впрочем SB(rs)c Месје 108 SBcd 100п впрочем SB(s)cd NGC 2903 SBd 100п впрочем SB(s)d NGC 5398 SBdm 100п SBdm може да се смета и за вид на Магеланова спирална галаксија впрочем SB(rs)dm NGC 55 SBm 100п SBm е вид на Магеланова спирална галаксија (Sm) впрочем SB(s)m
Примери Име Слика Вид Соѕвездие M58 100п SBc Девица M91 100п SBb Береникина Коса M95 100п SBb Лав M109 100п SBb Голема Мечка NGC 1300 100п SBbc Еридан NGC 1365 100п SBc Печка NGC 2217 100п SBa Големо Куче Магеланови Облаци 100п SBm Златна Рипка, Тукан
Поврзано мини|Галаксијата NGC 2146 со свиен правлив спирален крак
Галактичка испакнатина Пречкеста леќеста галаксија Леќеста галаксија Спирална галаксија Морфолошка класификација на галаксиите Настанок и развој на галаксиите
Наводи
Надворешни врски
Средишната структура на Млечниот гледана свежо и јасно SPACE.com, 16 август 2006 Пречкестите спирални галаксии настануваат и се губат , Sky & Telescope, април 2002 04/03/07: Хабл: Пречкестата спирална галаксија NGC 1672
Категорија:Морфолошки типови на галаксии