Олденбург во Холштајн () — град на југозападниот брег на Балтичкото Море. Најблизок поголем град е Либек. Градот припаѓа на историската област Холштајн, а денес се наоѓа во округот Источен Холштајн, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Олденбург-Ланд, иако самиот град не е член на заедницата.

Историја

Олденбург бил главен град на Вагрите, едно од словенските племиња кои се доселиле најзападно до реката Елба во или по век, исто така познати како Венди и Ободрити. Пристигнале околу 700 година и словенското име било Старигард или Старгард што означувало „стара населба“ или „стар замок“, додека германското име Олденбург има исто значења. Ободритите биле сојузници на Карло Велики. Царот Отон I ја основал епископијата Олденбург под водство на Адалдаг, архиепископ на Хамбург.

На Викинзите, градот им бил познат како Брандехузе (Brandehuse, односно „запалени куќи“), означувајќи го воинствениот период.

Со векови, Старигард/Олденбург останал словенски соперник на Хедеби во балтичката трговија, додека грофовите Адолф I и Адолф II од Шауенбург и Холштајн, поддржани од Хајнрих Лавот, конечно не ги поразиле Вендите во текот на првата половина на век.

Меѓународни односи

Олденбург во Холштајн е збратимен со:

Берген на Риген, Мекленбург-Западна Померанија, Германија (од 1990 г.)

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Источен Холштајн