Последните заповеди е филм, во режија на Фред Скеписи. Главните улоги ги толкуваат: Мајкл Кејн, Том Кортни, Хелен Мирен, Дејвид Хемингс и Боб Хоскинс. Содржина Филмот е приказна за четворица добри пријатели, кои се среќаваат за да му оддадат почит на починатиот другар Џек Додс. Тие се сеќаваат на нивните надежи, соништа и желби од младоста, како и заедничките денови што ги поминале со Џек и со неговата сопруга Ејми, во текот на изминатите 50 години.Антена, број 845, 5.9.2014, стр. 22. Наводи
Категорија:Филмови со Мајкл Кејн Категорија:Филмови со Хелен Мирен Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2001 година