Зегеберг () — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од југозапад надесно) окрузите Пинеберг, Штајнбург и Рендсбург-Екернферде, слободниот град Нојминстер, окрузите Плен, Источен Холштајн и Штормарн, како и градот-држава Хамбург.
Историја
Историјата на округот е поврзана со историјата на Холштајн. Во 1134 година, замокот во Зегеберг бил издигнат како регионално седиште од каде владееле грофовите на Зегеберг. Кога Шлезвиг-Холштајн станала пруска покраина во 1865 година, пруската администрација го основала округот Зегеберг.
Оттогаш, округот доживеал значителен раст двапати: во 1932 година делови на распуштениот округ Бордесхолм се приклучиле на округот и во 1970 година, градот Нордерштет станал дел од округот.
Географија
Округот Зегеберг се состои од земјоделски површини помеѓу градовите Нојминстер и Хамбург. Југозападниот дел на ридестата област наречена Холштајнска Швајцарија припаѓа на округот, како и некои северни предградија на Хамбург.
Грб
Грб|лево|мини|120пГрбот прикажува: четири кули создаваат крст, во чест на мисионерските активности на епископот Вицелин од Зегеберг, кој го христијанизирал Холштајн во раниот среден век хералдичкиот лист од коприва на Холштајн во средината на крстот четири зелени листови на лилии од грбот на грофовите на Зегеберг
Градови и општини
Слободни градовиСлободни општиниСлободни области Бад Брамштет Бад Зегеберг Калтенкирхен Нордерштет Валштет Елерау Хенштет-Улцбург Буххолц Општински заедници1. Бад Брамштет-Ланд[седиште: Бад Брамштет] Армштет Бимелен Борстел Ферден-Барл Фулендорф Гросенаспе Хаген Хардебек Хазенкруг Хајдмор Хицхузен Менкло Веделброк Вимерсдорф 2. Боштет-Риклинг Боштет1 Далдорф Грос Кумерфелд Хајдмилен Латендорф Риклинг 3. Борнхефед Борнхефед Дамсдорф Генебек Шмалензе Штокзе Тарбек Тенсфелд Трапенкамп14. Ицштет Ицштет1 Кајхуде Нае Еринг Зет Зилфелд Тангштет (округ Штормарн) 5. Калтенкирхен-Ланд[седиште: Калтенкирхен] Алфеслое Хартенхолм Хазенмор Лентферден Ницен Шмалфелд 6. Кисдорф Хитблек Катендорф1 Кисдорф Ерсдорф Зиферсхитен Штруфенхитен Штуфенборн Вакендорф II Винзен 7. Лецен Барк Бебензе Фредесдорф Грос Ниндорф Хегерсдорф Кикелс Лецен1 Мецен Неферсдорф Швисел Тодесфелде Витенборн8. Траве-Ланд[седиште: Бад Зегеберг] Баренхоф Блунк Бинсдорф Дрегерс Фаренкруг Гешендорф Глазау Грос Ренау Клајн Гладебриге Клајн Ренау Кремс II Негернбетел Немс Нојенгерс Пронсторф Ролсторф Шакендорф Ширен Зедорф Штипсдорф Штрукдорф Травенхорст Травентал Вакендорф I Веде Вензин Вестераде1седиште на општинската заедница
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Окрузи во Шлезвиг-Холштајн