Роландо Максимилијано "Бруно" Мартинс Инди (роден на 8 февруари 1992) — холандски фудбалер, играч од одбраната на Стоук Сити, и на холандската репрезентација.

Мартинс Инди ja започнал својата кариера во холандскиот клуб Феjенорд, во кој напредувал низ младинските категории на клубот. Тој помина четири сезони на Де Којп, со што остварил 120 настапи пред да се пресели во Португалија, во јули 2014 година во екипата на Порто за сума од 7,7 милиони евра €. Во август 2016 година Мартинс Инди се пресели во Премиер лигата во тимот на Стоук Сити како позејмен играч за сезоната 2016-17 година. Една година подоцна Стоук Сити перманентно го откупил Мартинс Инди за 7 милиона евра.

Своето деби за репрезентацијата на "лалињата" го имал во 2012 година, и до сега тој забележа повеќе од 30 настапи, а бил дел и од нивниот тим кој го освои третото место на Светското првенство 2014 во Бразил.

Животопис Бруно е роден во Бареиро, Португалија, а неговите родители се од Гвинеа-Бисао, Мартинс Инди се преселил во Ротердам, Холандија, со своето семејство, на возраст од три месеци. Тој започнал да игра фудбал во младите категории на аматерскиот клуб Спартан '20, пред да влезе во академијата на Фејенорд, на возраст од 13 години.

Надворешни врски Бруно Мартинс Инди на soccerway Бруно Мартинс Инди на transfermakt Бруно Мартинс Инди на whoscored Бруно Мартинс Инди на espn Бруно Мартинс Инди на Goal.com

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Фејенорд Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Стоук Сити Категорија:Родени во 1992 година