Џенис Г. Рејмонд (родена 24 јануари, 1943) е радикална феминистичка активистка позната по нејзината работа против насилството, сексуалната експлоатација и медицинската злоупотреба на жените, како и за нејзините дела за транссексуализмот. Таа е исто така авторка на пет книги и повеќе статии, преведени на неколку јазици, за теми како: насилството врз жените, здравјето на жените, феминистичката теорија и био-медицината. Таа има објавено бројни статии за проституцијата и секс-трговијата со луѓе. Таа предава на меѓународно ниво за многу од овие теми преку Коалицијата Против Трговија со Жени (КПТЖ).

Застапувања Преку нејзината работа со КПТЖ, Џенис Рејмонд е водач во кампањата со цел да се признае проституцијата насилството врз жените и една од најлошите форми на половата нееднаквост. Ова вклучува спротивставување на легализацијата на секс индустријата на меѓународно ниво, залагање за владите да обезбедат услуги и алтернативи за жените во проституцијата и да донесуваат закони против купувањето на жените и децата за сексуални активности.

За време на нејзиниот мандат, КПТЖ ја прошири својата меѓународна работа, особено во балтичките земји и во источните и јужните европски земји, вклучувајќи ги Естонија, Латвија, Литванија, Хрватска, Молдавија, Албанија, Косово, Унгарија и дриги. Особено, таа поддржа иновативни проекти за превенција, кои ја обесхрабруваат побарувачката за проституција - главна причина за трговијата со луѓе, предизвикувајќи младите мажи да имаат поинаков стандард на машкоста, и регрутирајќи ги во кампањата против сексуална експлоатација.

Во јануари 2004 година, д-р Рејмонд сведочеше пред Европскиот парламент на тема "Влијанието на секс индустријата во ЕУ". Во 2003 година, Рејмонд сведочеше пред подкомитетот на САД конгресот на тема "Тековните трагедии на меѓународното ропство и трговија со луѓе".

Написи за проституцијата и секс-трговијата со луѓе Меѓу многуте статии што таа ги има објавено, нејзиниот есеј со наслов "Десет причини против легализацијата на проституцијата и правниот одговор на побарувачката за проституција" е преведена на повеќе од 10 јазици. Овој есеј ги разгледува законодавните модели кои ја легализирале или декриминализирале проститутската индустрија и принципите кои ја поддржуваат, и тврди дека легитимизирањето на секс-трговијата ги прави штетите врз жените невидливи. Рејмонд поддржува алтернативен правен модел на одбивање легализација и декриминализација на секс индустријата, како и казнување на машката побарувачката за купување жени и деца за сексуална експлоатација.

Написи за транссексуализмот Во 1979 година, Рејмонд ја напиша книгата за транссексуализмот наречена Транссексуалната империја. Таа ја истакна улогата на транссексуализмот - особено психолошките и хируршки пристапи кон него - во зајакнувањето на традиционалните родови стереотипи, начинот на кој медицинско-психијатриски комплекс го медикализира "родовиот идентитет", и општествениот и политички контекст кој го воспостави транссексуалниот третман и операција како нормален и терапевтски лек.

Рејмонд тврди дека "Сите транссексуалци ги силуваат женските тела со редуцирањето на реалната женска форма во артефакт, присвојувајќи го ова тело за себе...“ и “создаваат “жена“ во имиџот на маж“.Raymond, Janice. (1994). The Transsexual Empire, p. 104

Наводи

Надворешни врски Janice Raymond's personal website Coalition Against Trafficking of Women Prostitution Research and Education Women’s Human Rights Commission of Korea - Washington Post Global - Herald Scotland -

Категорија:Феминистки Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1943 година