Шијла Џефрис (родена 13 мај 1948 година) е најпозната како феминистички научник и политички активист, а особено за нејзината анализа на историјата и политиката на сексуалноста во Велика Британија. Таа е професорка по политички науки на Универзитетот во Мелбурн во Австралија. Таа аргументира дека "сексуалната револуција" под условите на мажите придонесе помалку за слободата на жените отколку за нивното континуирано угнетување.
Дела Индустриската Вагина: Политичката економија на глобалната секс-трговија, беше објавена во 2009 година. Во неа, Џефрис ја опишува глобализацијата на секс индустријата, и го опишува бракот како форма на проституција. Џефрис наведува дека "контролата на мажите врз женските тела за сексуална употреба не е надмината, но останува претпоставка во основата на хетеросексуалните односи", и ги истакнуваа сличностите помеѓу бракот и проституција, како што се невестите-по-порачка, што таа го гледа како форма на секс-трговија со луѓе.
Во едно интервју, Џули Биндел објаснува дека Џефрис верува дека транссексуалната хирургија "е продолжување на индустријата за убавина која нуди козметички решенија за подлабоко вкоренетите проблеми" и дека во општеството без род ова би било непотребно. Џефрис тврди дека "огромното мнозинство на транссексуалците ги емулираат традиционалните стереотипи за жените" и дека тие "конструираат конзервативна фантазија за она што тие сметаат жените треба да бидат. Тие создаваат есенција на женственост која е длабоко навредлива и рестриктивна".
Книги Антиклимакс: феминистичка перспектива на сексуалната револуција
Распакување на квир политиката: лезбејска феминистичка перспектива
Убавина и мизогинија: штетните културни практики на Западот
Индустриската Вагина: политичката економија на глобалната секс-трговија
Машка доминација: религијата и намалувањата на правата на жените во светската политика
Родови болки: феминистичка анализа на политиката на транссексуализмот
Наводи
Категорија:Феминистки Категорија:Родени во 1948 година