„Зајче безопавче“ е збирка песни за деца од македонскиот поет Васил Куноски, првобитно објавена во 1957 година.

Содржина Збирката ги содржи следниве песни:Васил Куноски, Зајче безопавче, Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1980. Зајче безопавче; Кос; Мецана; Пчеличке; Мајстори; Ешко; Бегај, еленче; Чуден човек; Штурчо; Стани, детенце; Влечко; Врни росице; Кој зошто е; Петле гаќуресто; Што станало; Нашата крава; Шарко; Зошто Миле не е весел; Несреќа; Голем ловец; Роденден; Џив-џив; Маче шарено; Среќно ластовиче; Вредна рака црта вака. Издание на здружените издавачи од 1980 година Во 1980 година, збирката „Зајче безопавче“ била објавена од здружените издавачи: „Култура“, „Наша книга“, „Мисла“, „Македонска книга“ и „Детска радост“. Книгата била задолжителна лектира за прво одделение во основните училишта во Македонија, а била испечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“, во тираж од 30 000 примероци. Корицата и илустрациите во книгата биле дело на Младен Туниќ; а коректори биле Ружа Димишковска и Павлина Пиперовска. Книгата има 24 страници и не е каталогизирана, ниту пак содржи меѓународна ознака.Васил Куноски, Зајче безопавче, Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1980.

Наводи

Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Дела на Васил Куноски Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Изданија на Наша книга Категорија:Изданија на Мисла Категорија:Изданија на Култура Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Книги од 1957 година Категорија:Појавено во 1957 година во Македонија