thumb|300п|Езерото Маријан во Националниот парк Фјордленд Хомеровиот тунел на патот кон Милфордскиот Залив 300px|right|thumb|Западниот портал на Хомеровиот тунел зиме
Фјордленд () — географска област во Нов Зеланд која се наоѓа во југозападниот агол на Јужниот остров. Речиси целата област е покриена со Националниот парк Фјордленд, кој зафаќа површина од 12,120 км² и со тоа е најголемиот национален парк во Нов Зеланд и еден од најголемите во светот. Фјордленде има многу малку жители и е најненаселената област во Нов Зеланд.
Името „Фјордленд“ доаѓа од норвешкиот збор „фјорд“. Тука има бројни фјордови, од кои најпознат е Милфордскиот Теснец.
Во рамките на Фјордленд се наоѓаат Брауновите Водопади и Садерлендските Водопади, кои се едни од највисоките во светот.
Езерото Те Анау како и самото гратче Те Анау се наоѓаат на источниот крај. Од 1989 областа е дел од регионот Саутленд.
Наводи
Надворешни врски Фотографии од Фјордлендскиот национален парк Одредиште Фјордленд — регионална туристичка организација на областа Фјордленд
Категорија:Саутленд