Искра Донева (20 јули 1983, Скопје) — македонска поетеса.

Биографија Искра Донева е родена на 20 јули 1983 во Скопје, каде завршила основно образование и природно-математичка гимназија. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а на ФОН магистрирала на студиите по политички науки и дипломатија и по македонски јазик. Таа е член на поетскиот кружок „Мугри“, како и на клубот „Унеско: Живите јазици - прозорец кон светот“.Искра Донева, Небеска раскрсница, Магор, 2009, стр. 106. Радмила Заревска, „Искра Донева се подготвува да направи 1.927 чекори за да победи болеста“ (пристапено на 1.3.2025) „Био-библиографија“, во: Искра Донева, Небеска раскрсница, Магор, 2009, стр. 106.

Творештво Искра Донева започнала да пишува и да објавува поезија на седумгодишна возраст. Во 2000 година излегла нејзината прва збирка поезија „Говорот на срцето“. Исто така, таа објавува поезија и во списанијата: „Огледало“, „Феникс“, „Мравка“, „Спектар“, „Наше писмо“, како и во електронските списанија „Мираж“ (www.mirage.com.mk) и „Литернет“ (http://liternet.bg). Нејзини песни се преведени на англиски, полски, бугарски и француски јазик, а таа се занимава и со превод од англиски и француски јазик. „Био-библиографија“, во: Искра Донева, Небеска раскрсница, Магор, 2009, стр. 106.

Донева а авторка на следниве дела: Искра Донева, Љубовни далги. Скопје, 2015, стр. 114. „Говорот на срцето“ (поезија, 2000) „Кој ќе ги згрее птиците“ (хаику, 2006) „Небеска раскрсница“ (хаику, 2009) „Скакулче игра плочка“ (хаику, 2013) „Татко“ (хаику, 2013) „Лазарополски хаикуа“ (хаику, 2013) „Јас, принцеза од бајки“ (2014) „Калеидоскоп“ (хаику, 2015) „Љубовни далги“ (хаику, 2015)

Наводи

Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Родени во 1983 година