Рената Дескоска, моминско Тренеска, ( во Скопје) — македонска универзитетска професорка, писателкаМакедонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 264. и политичарка.

Животопис

Рената Тренеска била родена во Скопје, на 3 мај 1972 година. Основното и средното образование ги завршила во Скопје, со постојан одличен успех при што била прогласена за првенец на генерацијата. Во 1994 година, таа дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со просечен успех 9,55. На истиот факултет, во 1997 година ги завршила последипломските студии со просек 10 и магистрирала на тема „Типови на извршна власт“. На 18 октомври 2002 година, таа докторирала на Правниот факултет во Љубљана, каде ја одбранила дисертацијата на тема „Конституционализмот, уставите и човековите права, со посебен осврт на Република Македонија“ (Constitutionalism, constitutions and human rights, with case study of the Republic of Slovenia and the Republic of Macedonia), со што станала доктор по правни науки. По дипломирањето, од 1995 до 1998 година, таа била ангажирана како демонстратор на Правниот факултет во Скопје, каде во 1998 година била избрана за асистент, а во 2003 година во звањето доцент. Потоа, во 2008 година, таа била избрана во вонреден професор, а во 2012 година станала редовен професор во областа на уставното право и политичките системи. Рената Дескоска живее во Скопје и е омажена за Тони Дескоски, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“.Рената Тренеска, Лотосова метаморфоза, Студентски збор, Скопје, 1991.Рената Тренеска, Сепа, Матица македонска, Скопје, 1996.

Научна кариера мини|Рената Дескоска (втора оддесно) на промоција на учебник, Правен факултет, Скопје, 2023 год. Рената Тренеска работи како редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во научната област уставно право и политички систем. Притоа, таа објавила голем број книги и трудови во домашни и меѓународни списанија и учествувала на повеќе конференции, семинари, работилници и други научни и стручни собири.

Објавени книги Дескоска е автор на повеќе книги, делови од книги и други научни публикации, како: Извршната власт во демократските системи, Матица Македонска, Скопје, 1999 Поглавје во: Саво Климовски и Владимир Митков, Уставен и политички систем, Просветно дело, Скопје, 1997 Поглавје во: Savo Klimovski, Politics and Institutions, Просветно дело, Скопје, 1999 „Уставно право“, во: Димитар Бајалџиев, Вовед во правото, Македонска ризница, Скопје, 1999 Уставно уредување на Република Македонија, (соавтор со Саво Климовски и Владимир Митков), Просветно дело, Скопје, 2002 Уставно уредување на Република Македонија, (соавтор со Саво Климовски, Владимир Митков и Тања Каракамишева), Просветно дело, Скопје, 2004 Rregullimi kushtetues i Republikës së Maqedonisë, (соавтор со Саво Климовски, Владимир Митков и Тања Каракамишева), Скопје, 2004 Уставно уредување на Република Македонија, (соавтор со Саво Климовски, Владимир Митков и Тања Каракамишева), Просветно дело, Скопје, 2005 Поглавје во: Саво Климовски, Уставно право и политички систем”, Просветно дело, Скопје, 2003 Конституционо уредување, (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Просветно дело, Скопје, 2006 Конституционализмот и човековите права, Скопје, 2006IDIVIDI, „Објавена книгата „Конституционализмот и човековите права“ од Рената Тренеска-Дескоска“ (пристапено на 7.10.2014) „Party Funding and Campaign Finance in Macedonia“ во: Daniel Smilov and Jurij Toplak (eds.), Political Finance and Corruption in Eastern Europe – The transition Period, Asgate, 2007 „Финансирање на изборните кампањи во Република Македонија“, во Перспективи на домашната правна рамка за спроведување на изборите, погледната од аголот на меѓународните изборни стандарди и добри практики, ОСЦЕ и ЦРПМ, 2008 Уставно право, (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Скопје, 2009 Rregullimi konstitucional i Republikës së Maqedonisë, (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Скопје, 2008. Политички систем (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Скопје, 2009 Основи на јавно право (соавтор со Тања Каракамишева и Снежана Бриндевска), Скопје, 2011.

Трудови Во својата академска кариера, Дескоска објавила повеќе трудови. Политичка кариера На парламентарните избори во 2014 година, Тренеска била носител на изборниот список на СДСМ во првата изборна единица при што била избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија.„Рената Тренеска-Дескоска носител на списокот на СДСМ во единица, нема двобој на водачите“, Република, 23.3.2014 (пристапено на 7.10.2014) Во периодот од септември 2015 до декември 2016 година, Дескоска ја извршувала функцијата потпретседател на Собранието на Република Македонија. Исто така, во септември 2015 година била избрана за шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ и за член на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Покрај тоа, таа била и член на ад-хок комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на парламентарните избори во Бугарија од 26 март 2017 година, како и член на ад-хок комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Србија од 2 април 2017 година. Потоа, на парламентарните избори во 2016, Дескоска настапила како втор носител на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата победила со 10 освоени мандати од вкупно 20. На 1 јуни 2017 година, таа стапила на функцијата министер за образование и наука на Македонија како дел од владата на Зоран Заев,Изгласана владата на Заев СДК.мк (31 мај 2017) но на 4 јуни 2018 година таа била избрана за министерка за правда.Официјално мрежно место на Министерството за правда на Република Македонија (пристапено на 15.6.2018)

Книжевно творештво

На книжевната сцена, Тренеска дебитирала во 1991 година, со драмата „Бермудски триаголник“, објавен во едицијата „Алфа“ на Книжевната младина на Македонија. Во 1991 година ја објавила нејзината втора книга, збирката поезија „Лотосова метаморфоза“, во издание на „Студентски збор“ од Скопје. Во 1992 година, таа ја објавила втората збирка поезија „Сепак возможно“, повторно во издание на „Студентски збор“, додека во 1996 година ја објавила новелата „Сепа“ во издание на издавачката куќа „Матица Македонска“.Рената Тренеска, Сепак возможно, Студентски збор, Скопје, 1992.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Пратенички состав 2014-2016 Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија Категорија:Министри за правда на Република Македонија Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Доктори на Љубљанскиот универзитет