Насмеани очи е книга на македонската писателка Татјана Гогоска од 1994 година.

Технички податоци Книгата е објавена од книгоиздателството „Ѕвезда“ од Скопје, во рамки на библиотеката „Ѕвездички“. Рецензенти на ова издание се: Глигор Стојковски и Мишо Китаноски. Книгата има 80 страници, со димензии од 20 сантиметри. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, но нема меѓународна ознака ISBN. Автор на корицата и на илустрациите во книгата е Марија Мачавеловска, лектурата и коректурата се дело на Мишо Китаноски, а комјутерската обработка на текстот ја извршила Ленче Попова. Книгата е отпечатена во печатницата „Даскал Камче“ во Кавадарци. Издавањето на книгата било финансиски помогнато од претпријатието „Хопег“ од Скопје.Татјана Гогоска, Насмеани очи, Ѕвезда, Скопје, 1994.

Содржина Книгата содржи песни и раскази за деца, поместени во три дела: „Очи“, „Неделникот на Елена“ и „Кога бев мала“. Во книгата се поместени следниве песни и раскази:Татјана Гогоска, Насмеани очи, Ѕвезда, Скопје, 1994. Насмеани очи Кога ќе бидам голем Белите кајчиња Камион шарени фустанчиња Мама сака да плачам Патување со авион Сон или Како ги допре ѕвездите А, Томи чекаше Понеделник Вторник Среда Четврток Петок Зошто растеме Сабота Прва љубов Ѕвездени бои Недела Кога бев мала

Наводи

Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Дела на Татјана Гогоска Категорија:Раскази за деца Категорија:Стихозбирки за деца Категорија:Македонски дела од 1994 година Категорија:Книги од 1994 година