Килски универзитет () — универзитет во градот Кил, Германија. Бил основан во 1665 година како Академија Холсаторум Килониенсис (Academia Holsatorum Chiloniensis) од страна на Кристијан Албрехт, војвода на Холштајн-Готорп и денес има околу 24.000 студенти. Килскиот универзитет е најстар, најголем и најугледен универзитет во покраината Шлезвиг-Холштајн. До 1864/66 година не бил само најсеверниот универзитет во Германија, туку истовремено и втор најголем универзитет во Данска.

Историја

мини|лево|upright|Војводата Кристијан Албрехт

Килскиот универзитет бил основан под името Кристијан Албертина на 5 октомври 1665 година од Кристијан Албрехт, војвода на Холштајн-Готорп. Граѓаните на градот Кил првично биле скептични околу претстојното доселување на студентите, мислејќи дека тоа би било „прилично неподносливо со нивната алчност, пиењето и нивното однесување“. Но, оние во градот кои ги сметале и економските предности на универзитет во градот победиле и така Кил станал најсеверен универзитет во германското Свето Римско Царство.

По 1773 година, кога Кил потпаднал под данска власт, универзитетот започнал да напредува, а кога Кил станал дел од Прусија во 1866 година, универзитетот нагло пораснал. Универзитетот ја отворил една од првите ботанички градини во Германија (сега Стара ботаничка градина Кил), а Мартин Гропиус проектирал многу од новите градби потребни за растечкиот број на студенти.

Академијата претставувала еден од првите германски универзитет кој го спровел „глајхшалтунг“ (усогласување) во 1933 година и се согласил да отстрани многу професори и студенти од школата, на пример Фердинанд Тенис или Феликс Јакоби. Во текот на Втората светска војна, Килскиот универзитет доживеал тешки оштетувања, а подоцна изграден на различно место со само неколку од старите градби, во кои е сместен медицинскиот факултет.

Факултет

Воздушен поглед на средишниот кампус|мини

Факултет за теологија Факултет за право Факултет за бизнис, економија и општествени науки Факултет за медицина Факултет за уметност Факултет за математика и природни науки Факултет за земјоделски науки и исхрана Факултет за инженерство

Познати луѓе Завршиле тука

Франц Боас (1858–1942) — антрополог Герхард Домаг — бактериолог, нобелов лауреат Герхард Штолтенберг — политичар Пер Штајнбрик — политичар Ерих Валтер Штернберг — композитор

Наставен кадар

Валтер Андерсон Јохен Блајкен Хартмут Бокман Фридрих Блуме Ханс Герхард Кројцфелт Паул Дојсен Вилхелм Дилтај Јохан Густав Дројсен Јакоб Кристоф Рудолф Екерман Карл-Дитрих Ердман Фридрих фон Есмарх Ханс Гајгер Херберт Гирш Вилхелм Гризингер Бернхард Хармс Хајнрих Херц Алфред Хојс Феликс Јакоби Ото Јан Август Лескин Даниел Георг Морхоф Даниел Паули Ервин Роде Ерих Шнајдер Валтер Шикинг Фердинанд Тенис Хајнрих фон Трајчке Ото Вернер Рихард Зорге

Нобелови добитници

Постојат неколку добитници на Нобелова награда поврзани со Килскиот универзитет:

1902 Теодор Момзен (книжевност) 1905 Филип Ленард (физика) 1918 Макс Планк (физика) 1922 Ото Мајерхоф (медицина) 1950 Курт Алдер и Ото Дилс (хемија)

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Меѓународни односи на универзитетот Студентски сојуз на Килскиот универзитет

Категорија:Универзитети во Германија