Церски манастир или Горноцерски манастир, но попознат како Еленец — манастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во Ѓергииска Маала на селото Цера.

Историја Манастирот потекнува уште од римско време. Во неговиот денешен облик бил изграден врз темелите на стариот објект во 1880 година. Манастирот е изграден покрај една карпа, на која во длабнатината имало икона пред која се палеле свеќите. Низ годините манастирот претрпел оштетувања и инвентарот во него застарел. Поради тоа, во текот на 2010-тите започнала негова реконструкција, а притоа била подобрена и инфраструктурата со изградба на асфалтен пат за што биле обезбедени 270.000 евра од програмата ИПА за прекугранична соработка.Ш., Љ.. „Еленец ја враќа надежта во подзаборавената Цера “. ММС. 14 август 2018.

Градби Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, куќи, помошни објекти, трпезарија и чешма.

Црква „Покров на Пресвета Богородица“

Црквата претставува крстокуполен храм со сложена аритектура којашто се одликува со три куполи, полукружна апсида на источната стана и доградена камбанарија пред главниот влез на западната страна.

Настани Благдени Во чест на благденот Покров на Пресвета Богородица којшто се празнува на 14 октомври, во манастирот се одржува голем народен собир и многу луѓе ноќеваат во него.„Црковно-народен собор во црквата „Покров на Света Богородица“ кај село Цера “. А1он. 14 октомври 2013.

Бабина Баница Бабина Баница е собир на пензионери којшто традиционално се одржува во месец јуни. Настанот е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, а е поддржан од Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица. Секоја година на настанот со културно-уметничка програма се собираат пензионери од цела Македонија, а се одржува и натпревар во подготовка на баница под вршник. натпреваруваат во подготовка на баница под вршник.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цера Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Брегалничката епархија