Димче Ѓошев Мирчев (Велес, 13 ноември 1913 — Кавадарци, 7 април 1944) — македонски комунист, учесник во НОВ и организатор на НОВ во Велес. Прогласен е за Народен херој на Југославија на 2 август 1949 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 239
Животопис Димче Мирчев е роден во Велес, на 13 ноември 1913 година. По завршување на основното училиште, бил пратен да учи занает.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 236
Станал член на СКОЈ во 1933 и на КПЈ во 1935 година. Во периодот од 1936 до 1941 година организирал повеќе штрајкови во Македонија и во Србија. Во 1940 година, бил приморан да се врати од Белград во Велес, каде веднаш бил избран во Месниот комитет на КПЈ.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 237 Повеќепати бил затворан.
Учество во НОВ Во 1941 година активно се вклучил во подготовките за вооруженото востание. Бил член на Воениот комитет при Месниот комитет на КПЈ за Велес, организатор за формирањето на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ во април 1942, и заменик-командант на Одредот од септември истата година.
По разбивањето на Одредот во 1943 година, преминал во илегалност, а од февруари 1944 година заминал на работа во Кавадарци, како секретар на Обласниот комитет на КПМ за Кавадарци. Во Кавадарци заедно со Киро Крстев подготвувале поголема група да замине во партизани. При една блокада во градот, двајцата борци наишле на бугарска полиција. Започнало пукање, а двајцата борци се нашле опколени во куќата на Љубица Јосифовска, на периферијата на градот. Поради тоа што одлучиле да не се предадат, пружале отпор на непријателите седум часа додека имале муниција, а потоа извршиле самоубиство.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 961 стр.
Во негова чест и во чест на Киро Атанасовски е испеана песната „Димче и Киро Налбатот“.
Наводи
Галерија
Надворешни врски
Димче Мирчев — документарец за неговиот живот и дело
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Починати во Кавадарци