Момчиња (англиски: The Guys) е американски филм од 2002 година, во режија на Џим Симпсон. Главните улоги ги толкуваат: Ентони Лапаља, Сигурни Вивер и Ајрин Волш. Содржина Ник е пожарникарски капетан, кој изгубил осум свои вработени во терористичкиот напад на кулите-близначки во Њујорк, на 11 септември 2001 година. Тој е задолжен да состави посмртни говори за загинатите, со кои во текот на долги години делел и добро и зло. Бидејќи не е вешт на зборови, тој ја ангажира новинарката Џоан (ја игра Вивер) да го напише текстот, посветен на неговите загинати другари.Антена, број 851, 18.10.2014, стр. 25. Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 20. Наводи
Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови со Сигурни Вивер Категорија:Филмови од 2002 година