Илирјан Беќири (Тетово, ) — македонски политичар и поранешен министер за култура на Македонија.
Животопис Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност, отсек сликарство на Тетовскиот универзитет во 1998 година, а магистрирал во 2002 година на Универзитетот во Приштина.
Од 1998-2002 бил асистент на Факултет на ликовна уметност, а од 2002-2005 година и професор на истиот факултет. Беќири има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и во соседството, а учествувал и на неколку ликовни колонии. Беќири зборува српски, турски и англиски јазик.
Во времето кога бил министер за култра на Македонија се случило скандал со театарската претстава „Тито“, која тој ја забранил, по што набрзо следувала негова оставка ос минисерството.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Министри за култура на Република Македонија Категорија:Политичари од Тетово Категорија:Македонски Албанци Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2006 Категорија:Политичари од ДПА