Молфзе () — општина во округот Рендсбург-Екернферде, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се состои од три населени места: Молфзе, Рамзе и Шулензе. Се наоѓа на реката Ајдер, граничејќи се со покраинскиот главен град Кил.
Општината претставува административно седиште на општинската заедница Молфско Езеро.
Молфзе е позната по нејзиниот огромен музеј на отворено наречен „Отворен музеј Шлезвиг-Холштајн“ (Schleswig-Holsteinisches Freilichtmuseum), кој бил отворен во 1965 година. Преку 70 регионални историски градби можат да се посетат. Постојат атракции како железница и занаетчии. Во текот на годината постојат специјални пазари.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Рендсбург-Екернферде